Фото: Нова Македонија

Јавно обвинителство информира дека е покрената истражна постапка против 25-годишен скопјанец осомничен за обид за убиство, по инцидентот што се случи на 23 април пред угостителски објект во Скопје.

Според обвинителството, настанот започнал со кратка вербална расправија во објектот, која прераснала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, оштетениот прв го нападнал осомничениот, по што тој извадил нож и му задал повеќе убоди во градниот кош, грбот и стомакот.

– Осомничениот со умисла се обидел да лиши од живот друго лице – наведуваат од Обвинителството.

Повредениот по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Против осомничениот се води постапка за кривично дело „обид за убиство“.