Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше продаден на аукција во Северна Каролина за 42.500 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Окшнс“, чиешто седиште е во Тексас. Се работи за плакат што го најави концертот во градот Ралej, Северна Каролина, на 19 мај 1955 година. Постигнатата цена на наддавањето, е двојно поголема од очекуваната, а новиот сопственик е од Калифорнија, јавуваат локалите...

Состанок на министрите од Процесот СЕЕЦП во Брдо кај Крањ

Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) ќе се одржи денеска во Брдо крај Крањ. Шефовите на дипломатијата ќе разговараат за европската визија, безбедносните прашања и перспективите од дигиталното поврзување. Во иницијативата на СЕЕЦП учествуваат Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Романија и...

Анархисти го нападнале францускиот Конзулат во Атина

Член на анархистичката група Рубикон е уапсен откако активисти на оваа анархистичка група ја нападнале со боја Амбасадата и Конзулатот на Франција во Атина. Електронското издание на весникот „Катимерини“ јави дека уапсените најверорајно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции. На анархистичка интернет страница групата објави дека нападот бил израз на незадоволство поради...

Триесет и две сообраќајки викендов во Скопје, двајца загинати

Пешак и возач на патничко моторно возило загинале во две од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајки полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај биле исклучени 478 возачи кои го...

НБА: Победа на Кливленд над Индијана

Екипата на Кливленд ја совлада Индијана со 104:100 и изедначи на 2-2 во првото коло од НБА плејофот. Кавалрис ноќеска славеа на теренот на противникот и го вратија брејкот што го направи Индијана на првиот меч од серијата прв до четири победи. Предводникот до триумфот беше Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефект 32 поена и 13 скока,...

Франција ги заострува правилата за азил

Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со големо мнозинство одобри контроверзен закон кој ги заострува правилата за азил. За законот гласаа 228 пратеници, 139 беа против, 24 воздржани, а расправата за законот треба да продолжи во јуни во Горниот дом, односно Сенатот. Според законот, времето кое илегалните мигранти можат да се држат во притвор се зголемува на рок до 90 дена,...

Во дербито на колото Куманово го совлада шампионот МЗТ Скопје

Во рамките на шесттото коло од кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на МЗТ Скопје со 101:95 (44:54) со што ја забележаа и третата победа во супер лигата. Во натпревар во кој што на двете екипи им припадна по едно полувреме на крајот победата и припадна на помотивираната домашна екипа на Куманово која...

Сари: Не покажавме совршена игра

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, по синоќешниот триумф над Јувентус (1:0) во дербито од 34. коло од Сериа А, рече дека тимот не покажал идеална игра. - Ние не покажавме совршената игра. Неопходно беше малку порано да дојдеме до резултат со цел порано да ја обезбедиме победата. Бевме супериорни на физички план. Го контролиравме текот на играта. Нашата победа е...

СЈО ќе поднесе Извештај за сработеното пред собраниската Комисија за политички систем

Специјалното јавно обвинителство(СЈО) денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците треба да поднесе Извештај за сработеното за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година. Извештајот за активностите на СЈО за период од шест месеци е поместен како последна точка на дневниот ред на Комисијата. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата...

Филмска работилница „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“

Филмска работилница насловена „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“ ќе се одржи денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театраска и Танцива Академија - Скопје. Работилницата која воедно е дел и од програмата на Скопскиот филмски фестивал, ќе ја водат Леа Мисиус и Кристоф Режин, филмски режисери од Франција. Откако режираа неколку кратки филмови, Леа Мисиус и...