Дејан Митревски – Урко ќе сведочи за „Тенк“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски - Урко. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката...

Свечено пуштање во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица

Автопатската делница Демир Капија - Смоквица, по шест години изградба, ќе биде пуштена во употреба денеска, со што се добива целосно автопатско решение долж Коридорот 10 на територијата на Македонија. На свеченоста се најавени обраќања на премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар. На свечената церемонија ќе учествуваат претставници на Директоратот...

Повремен прекин на водоснабдувањето на Добри Дол во Сопиште

Мали прекини во водоснабдувањето во селото Добри Дол во Општина Сопиште ќе има денеска и утре, најави Јавното претпријатие Водовод и Канализација. Како што информираат од претпријатието, прекините од 09:00 часот до завршување на работите, ќе бидат за да се исчисти и да се хлорира резервоарот.

Претежно сончево и топло

Претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Шефовите на дипломатиите од земјите од Г-7 ќе расправаат за поинтензивен притисок врз Русија

Министрите за надворешни работи на Г-7 денеска во Торонто ќе разговараат за интензивирање на притисокот врз Русија, иако нема да стане збор за нови санкции против Москва. На дводневната конференција ќе се разговара за ситуацијата на Корејскиот полуостров, Сирија, Блискиот Исток и Венецуела, како и за подготовките за самитот на лидерите на Г-7 во Канада на почетокот на јуни. Групата...

Реформата на пензискиот систем во Никарагва на преиспитување

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега најави преиспитување на предлогот за реформа на пензискиот систем во земјата, која покрена протести со најмалку шест мртви. Работниците и работодавачите на Никарагва во средата почнаа протести, гневни поради планот, според кој, тие треба да издвојат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидува и намалување на пензиите за пет проценти. Ова се најголемите протести...

Турција незадоволна од Извештајот за човековите права на Стејт департментот

Турција упати критики за Извештајот за човековите права, објавен од страна на Стејт департментот.  - Турција е длабоко разочарана од Извештајот. Тој е полн со тврдења и обвинувања во делот кој се однесува за нашата земја, кои не може да бидат прифатени - пишува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.    Во соопштението понатаму се вели дека и покрај интензивната борба против...

Вардар го совлада Кил, гол предност за реваншот во Скопје

Ракометарите на Вардар славеа со еден гол разлика 28-29(12-14) на гостувањето кај Кил во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а решавачкиот гол со звукот на сирената го постигна Хорхе Македа. По пет гола постигнаа Стоилов, Чупиќ и Мораеш, додека Дибиров застана на четири гола. Арпад Штербик забележа 10 интевенции. Кај германскиот тим, Вујин, Екберг и Билјик постигнаа по...

Шкендија нов фудбалски шампион на Македонија

Новиот фудбалски шампион на Македонија е Шкендија, откако во Тетово го совладаа Шкупи со 2:0 во 29 -то коло на Првата македонска фудбалска лига. За клубот од Тетово ова е втора титула во нивната историја и ја обезбедија на седум кола пред крајот на оваа сезона во домашното првенство. Прилепска Победа со 2:0 го победи најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, Работнички убедливо го совлада Пелистер со 4:0, Силекс ја победи Ренова со 1:0...

Легендарниот хотел „Риц“ го собори рекордот за аукциска продажба на мебел

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“ беше продаден на аукција за рекордни 7,3 милиони евра, соопшти аукциската куќа „Арткуриал“. Хотелот, кој е отворен во 1898 година и извесен период бил дом на Ернест Хемингвеј, Марсел Пруст и Коко Шанел, понуди десет илјади предмети и сите беа продадени на аукцијата. Меѓу парчињата мебел и останати украсни предмети се наоѓаат и столици...