Макрадули: Без исполнети обврски, Југохром нема да почне со работа
Сè додека Југохром не ги исполни условите и не се вложи во заштитата на животната средина не треба да работи, рече денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на прашање за време на акцијата за чистење на езерото Козјак.
- Инвеститорот си презеде свои обврски и за жал доцнат со исполнувањето на тие обврски. Ние сме...
Археолозите во Египет пронашле биста на Марко Аурелио
Археолозите пронашле биста на римскиот цар Марко Аурелио во градот Асуан, на југот на Египет, соопштија денеска египетските власти.
Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека главата од бистата на императорот и филозофот кој владеел со Римското царство од 160 до 180 година од новата ера, била пронајдена во храмот Ком Омбо за време на заштита на ова место од подземните...
Надал триумфираше во Монте Карло, рекордна 11-та титула
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои рекордната 11-та титула на мастерсот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори во два сета, 6:3, 6:2.
Надал до рекордната 31 мастерс титула дојде за еден час и 32 минути. Тој четири пати му го одзема сервисот на Нишикори, кој направи еден брејк. Тоа беше 10 победа на Надал...
Заврши акцијата за чистење од пластика на езерото Козјак
Повеќе од 150 љубители на природата и совесни граѓани денеска учествуваа во акцијата за чистење на езерото Козјак од пластика, одржана во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планетата земја, кој годинава се одбележува под мотото „Да се запре загадувањето од пластика“.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, рече дека на денешната акција која е...
Најнов биланс: Најмалку 52 загинати во нападот во Кабул
Најмалку 52 лица загинаа, а уште 112 се повредени денеска при самоубиствен напад врз Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул.
- Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Сè уште не се знае колку точно има жртви - изјави началникот на полицијата во Кабул,...
Ердоган: Мерките кои ги презема Австрија ќе се свртат против неа
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска упати предупредување до Австрија, откако во петокот австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека предизборните средби, поврзани со претстојните избори во Турција, закажани за во јуни, ќе бидат забранети.
- Мерките кои ги презема Австрија ќе се свртат против неа - изјави Ердоган по објавувањето на предвремените избори во Турција.
Тој истакна дека „борбата на Турција...
Мултановски: ЕУ и НАТО да ја искористат можноста за решавање на проблемот со името
Сметаме дека има место за земјите од Западен Балкан во ЕУ и тој процес не треба да биде запрен, затоа ние ја почитуваме вашата вредна работа и исто така се обидуваме да ја промовираме оваа идеја и сега трендот во ЕУ е доведување на стабилност, економски развој, зголемување на животниот стандард, вели полскиот амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски во...
Гол напаѓач застрелал четири лица во ресторан во Нешвил
Четири лица се убиени, а повеќемина се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во ресторан во Нешвил, јави Фокс њуз.
Напаѓачот, кој бил целосно гол, почнал да пука уште пред ресторанот „Вафл Хаус“, каде што застрелал две лица, потоа влегол внатре и убил уште двајца, а ранил повеќемина во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, но еден од посетителите успеал...
Михајловиќ: Хрватска ги крши човековите права
Забраната за влез во Хрватска за српскиот министер за одбрана Александар Вулин претставува кршење на основните права врз кои се темели Европа и нема да придонесе за добрите односи меѓу Србија и Хрватска, изјави потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ.
- Слободата на движење и слободата на говор се основни човекови права врз кои се темели ЕУ. Меѓутоа, овие европски...
Ограбена аптека во центарот на Скопје
Вооружен разбојник синоќа ограбил аптека во центарот на Скопје.
Како што соопшти МВР, околу 20.15 часот во аптека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од страна на непознато машко лице со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработените, при што е одземен дневниот промет.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.








































