Михајловиќ: Хрватска ги крши човековите права

Забраната за влез во Хрватска за српскиот министер за одбрана Александар Вулин претставува кршење на основните права врз кои се темели Европа и нема да придонесе за добрите односи меѓу Србија и Хрватска, изјави потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ. - Слободата на движење и слободата на говор се основни човекови права врз кои се темели ЕУ. Меѓутоа, овие европски...

Ограбена аптека во центарот на Скопје

Вооружен разбојник синоќа ограбил аптека во центарот на Скопје. Како што соопшти МВР, околу 20.15 часот во аптека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од страна на непознато машко лице со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработените, при што е одземен дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 

Женски труп пронајден на плажа кај Свети Наум

Женски труп во фаза на распаѓање бил пронајден на брегот на Охридското Езеро во близина на комплексот „Св. Наум“. Каско што соопшти МВР, случајот во полиција го пријавил жител на населба Рача. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. 

Насилници нападнале вработена оти не им дала да јадат бурек без пари

Тројца насилници во алкохолизирана состојба ноќеска побарале да јадат во фурна без пари, но откако вработената ги одбила, почнале да го демолираат дуќанот, по што ја нападнале и неа. Како што соопшти полицијата, ноќеска 15 минути по полноќ било пријавено дека во Скопје на улица „Христо Татарчев“ во фурна „Христина Клас“, додека Љ.Н.(64) од Скопје, била на нејзиното работно место...

Нападнат и ограбен брачен пар во кичевското село Србица

Двајца маскирани разбојници ноќеска упаднале во куќа во кичевското село Србица и откако го врзале сопственикот на куќата и неговата сопруга, ги ограбиле. Како што информираат од МВР, настанот се случил во домот на И.И. (67). Разбојниците им ги одземале мобилните телефони, женски чанти, платежни картици и паричници, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на...

Ограбен таксист во Чаир

Таксист бил ограбен синоќа од две непознати лица во скопската населба Чаир, при што му бил одземен мобилниот телефон и му било искршено задното стакло од возилото. Како што соопшти МВР, синоќа во 21.45 часот во Скопје, Д.А. вработен како таксист, со патничко моторно возило „Рено Меган Скеник“ со скопски регистарски ознаки сопственост на такси компанија превезувајќи две непознати машки...

Протести во Ерменија, над 70 уапсени

Над 70 лица се уапсени во денешните судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти во ерменскиот главен град Ереван, јавуваат медиумите. Претходно беше објавено дека меѓу уапсените се наоѓаат и тројцата опозициски пратеници Никол Пашинјан, Арарат Мирзојан и Сасун Микаелјан, кои се и организатори на протестите, но полицијата ја демантираше таквата информација, нагласувајќи дека тие „принудно биле отстранети од местото на...

Скопските улици небезбедни, 232 возачи управувале возило под дејство на алкохол

На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол.  - Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ...

Тевдовски: Годинава сериозен пресврт и раздвижување на македонската економија

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека македонската економија оди во добра насока и очекува сериозен пресврт и нејзино раздвижување годинава. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека на почетокот на годинава има показатели кои укажуваат дека економијата оди во добра насока.   -  Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 проценти. Има сериозен...

Приведен разбојникот што ограби аптека во Маџари

Полицијата го пронајде и приведе разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец изврши тешка кражба во аптека во скопската населба Ченто. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека со Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишниот Д.М. од Скопје. Тој на 9 овој месец во 19:20 часот влегол во аптека на улицата „Маџари“ во Ченто...