Тевдовски: Годинава сериозен пресврт и раздвижување на македонската економија

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека македонската економија оди во добра насока и очекува сериозен пресврт и нејзино раздвижување годинава. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека на почетокот на годинава има показатели кои укажуваат дека економијата оди во добра насока.   -  Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 проценти. Има сериозен...

Приведен разбојникот што ограби аптека во Маџари

Полицијата го пронајде и приведе разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец изврши тешка кражба во аптека во скопската населба Ченто. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека со Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишниот Д.М. од Скопје. Тој на 9 овој месец во 19:20 часот влегол во аптека на улицата „Маџари“ во Ченто...

Ван Ромпој: Земјите од поранешна Југославија да влезат во ЕУ за да не се случи граѓанска војна

Можни се немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ, предупреди поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој во емисија на Франс 24. Ромпој, коментирајќи го отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија(ЕК) да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија, рече дека станува збор за мир на Западен Балкан. -...

Почина Јапонката Наби Таџима, најстариот жител на планетата

Јапонката Наби Таџима, најстариот жител на планетата, почина на 117 години во болница на островот Кикај. Властите од префектурата Кагошима соопштија дека таа починала во 20 часот по локално време од природна смрт. Таџима живееше во Дом за стари лица, а во јануари поради општа изнемоштеност беше примена во болница. Таа во септември 2015 година стана најстариот човек во Јапонија. По смртта...

Мурињо: Задоволен сум од играта, ја заслуживме победата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од играта, откако неговиот тим обезбеди место во финалето на ФА Купот со победата над Тотенхем на „Вембли“ со 2:1. - Ја заслуживме победата, бевме подобар тим. Многу добро бевме организирани, ја контролиравме играта, иако тие имаа поголем посед на топката - нагласи Мурињо, откако вчера Јунајтед го совлада Тотенхем...

Османи: Имаме шанса да станеме членка на ЕУ во 2025 година

Доколку добиеме шанса за преговори и притоа испорачаме резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година со Србија и Црна Гора, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“. - Многу важен податок кој Европската комисија(ЕК) го потврдила во Извештајот е и фактот што Македонија во имплеметацијата на т.н. АКИ (aquis) или од...

Зариф: Иран ќе продолжи да обогатува ураниум ако САД се повлечат од договорот

Иран со сета сила ќе продолжи со обогатување на ураниум доколку Вашингтон реши да се откаже од нуклеарниот договор со Техеран, предупреди иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф. Тој синоќа пред новинарите во Њујорк рече дека Иран не се обидува да произведе нуклеарна бомба, но Техеран „веројатно“ ќе одговори на повлекувањето на САД од договорот така што повторно ќе...

Над 30 убиени во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 31 лице е убиено денеска во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти. Портпаролот на Министерството за здравство првично рече дека четири лица загинале, а 15 луѓе се ранети во нападот што беше изведен во центарот за регистрација на гласачи. Подоцна бројката на загинати се искачи на 31, додека ранети се над 50 луѓе. Никој не...

Вулин „персона нон грата“ во Хрватска

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска. - Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испрати протестна нота до Амбасадата на Република Србија во Загреб, осудувајќи ја изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, во која тврди дека за неговото доаѓање во Хрватска...

Концерт во чест на Саша Николовски Ѓумар

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечер од 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017). Оркестарот од 20 млади музичари ќе го води Дијана Имери-Илкоска. Солист на Концертот бр. 4 за пијано и оркестар од Бетовен ќе биде пијанистот Дино Имери....