Над 30 убиени во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 31 лице е убиено денеска во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти. Портпаролот на Министерството за здравство првично рече дека четири лица загинале, а 15 луѓе се ранети во нападот што беше изведен во центарот за регистрација на гласачи. Подоцна бројката на загинати се искачи на 31, додека ранети се над 50 луѓе. Никој не...

Вулин „персона нон грата“ во Хрватска

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска. - Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испрати протестна нота до Амбасадата на Република Србија во Загреб, осудувајќи ја изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, во која тврди дека за неговото доаѓање во Хрватска...

Концерт во чест на Саша Николовски Ѓумар

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечер од 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017). Оркестарот од 20 млади музичари ќе го води Дијана Имери-Илкоска. Солист на Концертот бр. 4 за пијано и оркестар од Бетовен ќе биде пијанистот Дино Имери....

Ден на планетата Земја: Ќе се чисти отпадот на езерото Козјак

Акција за чистење на езерото Козјак се спроведува денеска по повод Денот на планетата Земја, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија”. Кон акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП...

Барселона го освои Купот на Шпанија

Барселона го одбрани трофејот и по рекорден 30-ти пат го освои Купот на Шпанија. Во финалето кое се играше на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каталонскиот тим синоќа убедливо ја победи Севиља со 5:0. Серијата голови ја започна Луис Суарез во 14 минута, вториот гол го постигна Лионел Меси во 31, а потоа Суарез со својот втор погодок зголеми на 3:0...

Видео: Невообичаен специјалитет стана хит во Лондон

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондончани и извесен период имаше долги редици пред угостителскиот објект „Максвелс бар и грил“ за да се купи овој производ. Менаџерот на овој бар во Лондон, Ентони Најт, наведува дека за да го усовршат рецептот им биле потребни четири недели во кој оствариле лош комерцијален успех. - Во тој период направивме само околу 400 крофна-бургери. Но...

Роднини на Фрида Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Кало соопштија дека успеале да ја спречат продажбата на куклата „Фрида Барби“ до завршување на судскиот процес. Една од роднините на уметницата, Мара де Анда Ромеро, изјави дека компанијата „Мател“ нема право да го користи ликот на Фрида Кало за кукли од серијата „Жени кои инспирираат“. Од друга страна, компанијата соопшти дека соработувала со „Фрида...

Ердоган: Вонредната состојба е добра за економијата и штити од тероризам и од штрајкови

Бизнис секторот треба да ја поздрави и поддржи вонредната состојба во Турција, бидејќи таа штити од тероризам и не дозволува штрајкови на работниците, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Парламентот оваа недела гласаше за продолжување за уште три месеци на вонредната состојба, која е воведена по неуспешниот обид за преврат во јули 2016 година. Тоа е седмо продолжување на вонредната...

Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до...

Рохани: Ако САД се повлечат, можат да го очекуваат неочекуваното

Иранската организација за атомска енергија е подготвена и на „очекувани и на неочекувани“ реакции, доколку САД се повлечат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, изјави денеска претседателот на Иран, Хасан Рохани. - Нашата организација за атомска енергија е целосно подготвена и за акции кои тие ги очекуваат, но и за оние кои не ги очекуваат - истакна Рохани во...