Венгер нема долго да чека за нов ангажман?
Пари Сен Жермен планира да го ангажира Арсен Венгер за спортски директор, по неговото заминување од Арсенал на крајот од сезоната.
Според францускиот весник „Л’Екип“, раководството на парискиот клуб е подготвено веднаш да му понуди на Венгер да ја преземе функцијата, бидејќи сакаат тој да ја надгледува работата на тренерот Томас Тухел, кој ќе раководи со тимот на ПСЖ од...
Руско МНР: Инспектори на ОПЦВ пристигнаа во Дума
Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) го посетија денеска сирискиот град Дума, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
- Очекуваме инспекторите непристрасно да ги истражат сите околности за настаните во Дума и да изработат објективен извештај. Нивната безбедност сега е гарантирана не само од сириската страна, туку и од командата на рускиот контингент во Сирија - се...
Стеф Кари ќе паузира подолго одошто се очекуваше
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, поради повредата подолго од очекуваното ќе отсуствува од натпреварите.
Кари се повреди на 23 март, па беше јасно дека Голден Стејт нема да може да смета на него за почетокот на плејофот и натпреварите против Сан Антонио Спарс, но беше најавено дека ќе биде подготвен за втората рунда.
Меѓутоа според последните информации заздравувањето на...
Роналдо добива нов договор и поголема плата во Реал
Раководството на Реал Мадрид му соопшти на Кристијано Роналдо дека многу скоро може да очекува нов договор, во кој е предвидено фудбалерот да заработува повеќе.
На Роналдо по минатогодишното финале во Лигата на шампионите му беше ветено дека ќе добие нова понуда од Реал. Генералниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез, истакна дека платата на фудбалерот со новиот договор ќе...
ФБИ нуди милион долари за пронаоѓање на новинар кој исчезна во Сирија
Федералните власти на САД понудија награда од еден милион долари за какви било докази што ќе помогнат во потрагата на американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија пред повеќе од пет години.
Наградата на ФБИ не е поврзана со „никаков конкретен настан".
Тајс е најверојатно единствениот американски новинар, кој се уште е во заробеништво во Сирија- држава, која е меѓу...
Пехарот од Лига Европа украден во Мексико
Пехарот наменет за победникот во Лига Европа бил украден во мексиканскиот град Леон.
Трофејот, кој е на светска трунеја со цел љубителите на фудбалот од повеќе земји да имаат можност да го видат во живо и да се фотографираат со него, бил украден од возилото со кое е превезуван низ Мексико.
Мексиканската полиција соопшти дека возилото било нападнато, но дека успеала...
Индиската влада одобри смртна казна за силувачите на девојчиња
Индиската влада денеска одобри смртна казна за осудените силувачи на девојчиња помлади од 12 години, откако премиерот Нарендра Моди свика вонредна седница како одговор на националното незадоволство, предизвикано од голем број сексуални насилства во земјата.
На седницата е усвоена извршна наредба за измена на кривичниот закон, која ќе вклучува смртна казна за осудените силувачи.
Одлуката ќе стапи во сила откако ќе...
Новруз Мамадов назначен за премиер на Азербејџан
зербејџанскиот претседател Илхам Алиев го назначи Новруз Мамадов за премиер на земјата. Указот на Алиев е објавен на неговата официјална интернет страница.
Претходно денеска Парламентот на Азербејџан му даде поддршка на Мамадов за нов премиер. За одлуката гласаа сите 113 пратеници, кои беа присутни во салата.
Новруз Исмаил Оглу Мамадов му беше советник за надворешна политика на претседателот Алиев од минатата...
Германија: Пјонгјанг мора да ја разоткрие нуклеарната програма
Одлуката на Северна Кореја веднаш да ги прекине нуклеарните и ракетни тестирања претставува чекор во вистински правец, но таа мора да ја разоткрие својата нуклеарна и ракетна програма, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
- За да влеземе во сериозен политички процес за целосна денуклеаризација на Северна Кореја, сепак е неопходно Пјонгјанг да следи специфични чекори и...
Макрон ќе му подари на Трамп даб за паркот на Белата куќа
За време на посетата на САД, францускиот претседател Емануел Макрон ќе му подари на американскиот колега Доналд Трамп даб, симбол на силни врски меѓу двете земји, соопшти телевизијата „Фокс њуз“
Тоа е северен француски даб, за кој Макрон се надева дека ќе биде засаден во паркот на Белата куќа, како симбол на ова силно пријателство, изјави новинарот Крис Валас, кој...








































