Макрон ќе му подари на Трамп даб за паркот на Белата куќа
За време на посетата на САД, францускиот претседател Емануел Макрон ќе му подари на американскиот колега Доналд Трамп даб, симбол на силни врски меѓу двете земји, соопшти телевизијата „Фокс њуз“
Тоа е северен француски даб, за кој Макрон се надева дека ќе биде засаден во паркот на Белата куќа, како симбол на ова силно пријателство, изјави новинарот Крис Валас, кој...
Во операцијата „Маслиново гранче“ неутрализирани 4.254 терористи
Вкупно 4.254 терористи биле неутрализирани од почетокот на операцијата на турската армија „Маслиново гранче" во северна Сирија, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.
Турција на 20 јануари презеде операција „Маслиново гранче" во северна Сирија, насочена против сириската курдска милиција- Сили за заштита на народот (СЗН) и Партијата за демократски сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации, поврзани со забранетата...
Адеми на Изборното собрание на Македонскиот сојуз во Шведска
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми кој на покана на Македонскиот сојуз во Шведска денеска во Гетеборг присуствуваше и се обрати на Изборното собрание на оваа македонска организација во дијаспората.
Како што соопштија од кабинетот на министерот, Адеми ги запозна присутните делегати со неговата работа во текот на изминативе десетина месеци и притоа истакна дека една од неговите цели е да...
Џафери-Кара: Македонија е конкурентна бизнис земја
Македонија е конкурентна бизнис земја која нуди поволни услови за странските инвеститори и чијашто инвестиција е заштитена со важечките закони кои со последните измени нудат еднакви услови за сите инвеститори и за странските и за домашните, порача вчера претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на работната вечера во Истанбул која ја приреди претседател на Деловниот совет Турција...
Анѓушев ги повика студентите да се охрабрат и да ги реализираат своите идеи и соништа
Во рамките на одбележувањето на „Светската недела на креативноста и иновациите“ денеска на Машинскиот факултет се одржа трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“ на која се обратија Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, заменик министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
Вицепремиерот Анѓушев, како...
Легијата на честа не секогаш е за најдостојните – другата страна на францускиот орден
На познатиот велосипедист Ленс Армстронг му беше одземен орденот, холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, исто така, ќе го загуби неговото одликување, додека сирискиот претседател Башар ал Асад, самиот го врати неговиот орден Легија на честа, пред Франција да му го одземе, пренесува „Њујорк тајмс“.
„Легијата на честа“ која претставува највисоко одликување на Франција, досега ја добиваа најценетите светски личности во најразлични...
Заев: Неуспехот во решавањето на спорот за името нема да значи крај на светот
Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.
Тој во изјава за агенцијата Франс прес, која ја пренесува МИА, додаде дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“.
- Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш, нагласи Заев,...
Во Скопје санкционирани 248 пијани возачи за шест часа
Скопје, 21 април 2018 (МИА) - Од 726 контролирани возачи во Скопје во период од 23 часот синоќа до пет часот утринава, 248 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
При спроведената акциска контрола на МВР за откривање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, полицијата санкционирала уште 250 други...
Скопје ќе ја пречека Академија Пандев во Кичево
Откако во средата, Скопје натпреварот против Силекс, го одигра на Градскиот стадион во Кичево, и наредниот првенствен натпревар против екипата на Академија Пандев, скопскиот фудбалски прволигаш ќе го одигра во овој град, но сега на стадионот на Влазерими.
Локацијата за одигрување на овој натпревар е поместена од причина што на Градскиот стадион во Кичево во истиот термин недела 16 часот,...
Филиче: Македонија имаше одличен степен на имунизација, но сега веќе не е така
Со години нашата земја имаше одличен степен на имунизација, но за жал сега не е така, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација.
Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од...








































