Постапка за разрешување на судиите од Врховен кои одлучуваа за Сеад Кочан

Судијата од Врховниот суд Џемали Саити добил известување од Судскиот совет во врска предлогот за разрешување на судиите кои одлучуваа за ослободувањето од притвор на бизнисменот Сеад Кочан, иако тој беше во бегство.  Саити е меѓу  судиите кои одлучуваа за Кочан. - За мене можам да кажам дека добив известување. Следат роковите за одговор кон тој поднесок. Се надеваме дека ќе се...

Српскиот претседател Вучиќ утре во еднодневна посета на Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет. Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на...

Вардар ги засилува мерките за безбедност пред реваншот со Кил

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар в недела ќе биде домаќин на германски Кил во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ остварија победа (29-28) на првиот меч, па интересот за реваншот е огромен, а салата одамна е распродадена. Со цел за успешна организација Вардар соопшти дека ќе преземе засилени безбедносни мерки пред, за време и по натпреварот. - Се...

НАТО и САД дискутираат со Турција за намерата на Анкара да купи системи С-400

НАТО и САД дискутираат со Турција за нејзината намера да купи систем за противвоздушна одбрана С-400 и ги разгледуваат алтернативни предлози од државите членки на Северноатланската алијанса, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.  Нацинално решение на државите членки на НАТО е прашањето за вооружувањето, но, многу земји на НАТО изразија загриженост поради тој факт,  рече Столтенберг на прес-конференцијата пред...

Советот на Тетово ги состави и потребните комисии

Советот на општина Тетово се комплетираше како тело на локалната самоуправа со тоа што се избраа новите состави на соодветените комисии. За првпат целата петта седница на ја водеше новиот претседател Беким Мемети кој беше избран на последниот ден од рокот на 30 март. Претседател на статусно-правната комисија ќе биде Аднан Билали, на комисијата за финансирање и буџет Бесар Дурмиши,...

За Македонската филхармонија се пишува и во списанието на ИАМА

Во списанието на престижната Меѓународна асоцијација на менаџери од областа на уметноста со седиште во Лондон, е поместен и репрезентативен текст за Македонската филхармонија. Меѓудругото, отворањето на новата концертна сала на Македонската филхармонија се споредува со отворањето на престижната Филхармонија Елб во Хамбург, како уште едно извонредно архитектонско здание посветено на музиката кое ја одбележа оваа година. Во списанието е...

Иванов-Китаровиќ: Отворените билатерални прашања да се решаваат паралелно со евроинтеграциите

Отворените прашања со други земји не смеат да се пречка на патот кон ЕУ и НАТО. Тие може и мора да се решаваат паралелно со одржување на преговори за членство во Унијата. Ова е заедничката оценка на претседателите на Македонија и Хрватска Ѓорге Иванов и Колинда Грабар Китаровиќ дадена по нивната средба во Скопје. - Ја поздравуваме порепораката на...

Во Македонија има ниска медиумска и политичка култура на интернет

Во Македонија има ниска медиумска и политичка култура на социјалните медиуми. Најчести проблеми на социјалните мрежи се нетолеранцијата, говорот на омраза, дезинформирањето и лажните вести, а за да се спречи оваа појава потребно е паралелно да се работи и на планот на комуницирањето и на културата и менталитетот. Ова се заклучоците од денешната конференција „Права и обврски при комуницирање на...

По смртта на најстарата жена на светот, Гркинка ја презема титулата

Најстара жена на планетата е Гркинката Катерина Карнару од грчкиот остров Пелопонез, која има 112 години, а која со оваа титула се стекна откако пред неколку дена почина Јапонката Наби Таџима, на 117 години. - Имаше многу тажни моменти во мојот живот. Мојот сопруг почина, а и моите деца, додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше...

Амбасадорите Бејли, Гарет и Пломп го чистеа кејот покрај Вардар

Под мотото „Исчисти, Твитни“ денеска се одржа волонтерска еко-акција за чистење на кејот покрај Вардар, со која беа опфатени патеките и бреговите од двете страни на реката во централното градско подрачје на Скопје. Во акцијата учествуваа и британскиот амабасадор Чарлс Гарет, амбасадорот на САД Џес Бејли, како и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, со нивните тимови. Ова е трета по ред...