Македонија има речиси двојно повеќе жени-пратенички од Хрватска
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери изрази задоволство од високиот процент на жени-пратеници во македонското Собрание.
Таа нагласи дека споредено со Хрватска, тоа е речиси двојно повеќе.
На средбата присуствуваа и Даниела Рангелова, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со хрватскиот Парламент и членовите на Групата, пратеничките Бети Рабаџиевска-Наумовска, Шпреса...
Се очекуваат 100 милиони евра прилив од осумте лиценцирани производители на канабис
Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.
Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека производството е во тек, а првите берби...
Вкупно 736 лица целосно ослободени со амнестија
Вкупно 736 лица завршиле со отслужувањето затворска казна, согласно Законот за амнестија. Со Законот се опфатени вкупно 2.345, од кои 576 се целосно ослободени бидејќи согласно законот казната им завршила, а 160 се ослободени согласно членот 206 од Законот за извршување санкциии, според кој директорот на установата може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на казната најмногу 30...
Завршува 21. Скопје филм фестивал
Со проекциите на филмовите „Самит“, „Диви момчиња“ и „Пеперутки“ вечер ќе заврши 21. издание на Скопје филм фестивал.
Публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 нови филмови, од кои голем број биле дел од големите светски фестивали или го свртеле вниманието на критиката со иновативниот израз и авторски пристап. Тие беа распоредени во програмите Фокус на француски филм, Програма на авторски...
Седумдесет земји ветија нови мерки против финансирање на тероризмот
На крајот на дводневната конференција во Париз, околу 70 земји ветија дека ќе преземат нови мерки за спречување на финансирањето терористички организации, јави ДПА.
Земјите, вклучително и многу европски и арапски држави, ветија дека целосно ќе го криминализираат финансирањето на патувања и регрутирање за терористички цели, дури и кога тоа не е е поврзано со конкретен терористички напад.
Земјите ветија дека...
Од стечајната маса на „Стефани“ најпрво ќе бидат исплатени лозарите
Лозарите ќе имаат приоритет во подмирувањето на долгот од стечајната маса на винарската визба „Стефани“, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Во одговор на пратенички прашања, Заев рече дека од неисплатените околу 3,5 милиони евра, долг направен за време на претходната власт, досега се исплатени 2,9 милиони. Најголем дел од долгот е на „Повардарие“ и оваа визба ќе добие субвенции, но само...
Земјоделците да не чекаат плус пари за штетите од мразот, порача премиерот
Земјоделците да не очекуваат дополнителни средства за штетите од мразот, повеќе од предвидените десет отсто, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратенички прашања.
Според него, обезбедени се пет милиони евра или 300 милиони денари. В ирманите тргнаа во преспанскиот крај, а утре ќе прдолжат и во останатите региони. Парите се обезбедени и ќе им бидат исплатени на земјоделците. Б уџетот е ликвиден поради...
Таткото на Шумахер има пристап до неговите 800 милиони евра
Таткото на Михаел Шумахер, Ралф, има целосен пристап до финансиите на својот син, открива германскиот весник „Бунте“.
Богатството на седумкратниот светски шампион се проценува на околу 800 милиони евра. Од медиумот информираат дека ваква одлука е донесено уште во 1992 година, кога со нотарски заверен документ, пилотот му дава право на неговиот родител да го застапува.
„Бунте“ пишува дека тоа не...
Во Црна Гора увозот на цигари намален за 59 отсто
Увозот на тутунски производи од јануари до март оваа година во Црна Гора е намален за 59 отсто во однос на истиот период минатата година.
Според црногорскиот Завод за статистика - Монстат, увозот на тутунски производи во овој период во 2017 година изнесувал 3,18 милиони евра, а сега е 1,3 милиони.
Овие износи се однесуваат на производната цена на една кутија...
За влез во Шенген од Балканот ќе биде потребна дозвола и такса од седум евра
Дозвола за влез во Шенген зоната државјани од Западен Балкан ќе мора да побараат во иднина преку интернет без разлика што не им е потребна виза. Освен тоа, тие ќе треба да платат и такса од седум евра што е дел од мерки што Европската унија ги воведува за поголем надзор на надворешните граници, одлучија амбасадорите на Унијата.
По поднесување...








































