Приходите на Фејсбук се зголемија за речиси 50 отсто

Скандалите околу злоупотребата на личните податоци на милиони корисници од најпопуларната социјална мрежа досега немаат значително влијание врз нејзините финансиски резултати.    Ова го покажува извештајот за активностите на Фејсбук за првото тримесечје на годината, според кој периодот таа регистрирала речиси 50 отсто раст во приходите до 11,9 милијарди долари при 8 милијарди пред една година.    Приходите од рекламирање достигнаа 11,7 милијарди...

Еден загинат и 16 повредени во хемиска фабрика во Чешка

Едно лице загина, а 16 се повредени во хемиска фабрика во чешкиот град Дечин, откако истекол фенол од камион цистерна, јави АФП, повикувајќи се на службата за итна помош. Инцидентот се случил во фабриката „Хемитекс“, во која работат околу 90 лица. Веднаш по истекувањето на фенолот, бил прекинат производствениот процес. Дел од вработените се повредиле кога вдишале фенол, а други од...

Бил Козби прогласен за виновен за сексуален напад

Американскиот комичар Бил Козби е прогласен за виновен по три точки на обвинение за сексуален напад, од кои секоја предвидува по десет години затворска казна. На актерот му беше судено за сексуален напад врз поранешната кошаркарка Андри Констанд, која претходно ја дрогирал. Настанот се случил пред 14 години. Судијата донесе одлука Козби (80) да остане во притвор до изрекувањето на пресудата.

Запрени над 30 ДУП-ови во Центар

Запрени се 31 детален урбанистички план во општина Центар. Советот со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување ДУП-овите со времетраењето на мораториумот од два месеци, информираат од општината. - Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео-презентација. Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки...

Филипче: Вакцините се сигурни, ќе се подигнува свеста за поголем опфат

Вакцините се сигурни, проверени во секој сегмент и секаде исти. Не постои апсолутно никаков сомнеж во нивниот квалитет, ниту каков било при аплицирањето. Може да се јават некои реакции, но најчесто се очекувани, благи, од типот на лесна настинка со ниска температура, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на 24 Анализа. Според Филипче, точно се знае како...

Сенатот го потврди изборот на Помпео за државен секретар на САД

Сенатот на САД го потврди изборот на досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео за нов државен секретар на земјата.   На новата функција го чекаат прашња за иранската нуклеарна програма и Северна Кореја, каде неодамна беше во посета на разговор со лидерот Ким Џонг ун. На функцијата доаѓа како избор на претсеадтелот на Доналд Трамп. Веднаш по изборот, заминува на состанок на...

Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен

Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече спикерот Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема. За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, домашни и странски, како и...

Станица полни електрично возило за осум минути

Новиот полнач за електрични возила на шведско-швајцарска технолошка компанија „AББ“ засега е најбрз во светот. Претставен е на саемот за индустриски технологии „Hannover Messe“, а системот полни електрично возило за само осум минути.   „Тера хај Пауер“ работи при моќност до 30кВ и може да наполни електрично возило со доволно енергија за да поминете 200 километри само во рок од осум...

Туск побара Косово да ги подобри односите со Србија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија. - Без целосна нормализација на односите со Србија и целосно прифаќање на договорите, не гледам како може да биде постигнат пробив во односите со ЕУ - изјави Туск на заедничка прес-конференција со косовскиот...

Туск: Да се реши застојот во изборната реформа во БиХ

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ изјави дека Европската унија е подготвена да и помогне на Босна и Херцеговина и напомена дека во Брисел се уште постои добра волја. - Имаме обврска да ви кажеме за она што не загрижува, а тоа е поврзано со изборната реформа. ЕУ сака да се реши...