Општина Центар почна со реализација на проектот „Безбеден Центар“
Општина Центар соопшти дека работи на зголемување на безбедноста и на подигнување на свеста кај граѓаните и учесниците во сообраќајот.
Со фарбање на улиците во делот каде што е предвидена Зона 30 во Дебар Маало, се поставува хоризонтална сигнализација која што ќе ги предупредува учесниците во сообраќајот дека навлегуваат во зона на смирен сообраќај, посочуваат од општината.
Продолжува и поставувањето безбедносни...
Дијалогот е клучот за остварување на работничките права
Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија
ССМ во наредниот период ќе се залага социјалните партнери по пат на социјален дијалог да усвојат стратегија за зголемување на платите, вклучувајќи ја и минималната, која треба да ги содржи и разработи основните принципи за пораст на платите
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) годинава одбележуваа 110 години синдикално движење и организирање...
Без вода денеска дел од улицата „Козле“
Поради уличен дефект ф100мм на улицата „Козле“, влез за Трнодол, денеска ќе биде во прекин водоснабдување за корисниците на дел од таа улица.
Како што соопштија од РЦУК Скопје по информација од ЈП Водовод и канализација, прекинот ќе трае од 11:00 часот до отстранување на дефектот.
Работниците мора сами да се борат за сопствените права
Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика
Тука, секако, е Министерство за труд и социјална политика да ги поддржи и да ја подобрува законската регулатива. Затоа, се планира соодветна ревизија
на законската регулатива за да се поттикне синдикално организирање и колективното преговарање
Приоритет се работниците и работничките права и затоа се неопходни силни и автономни работнички синдикати, зајакнување на организациите на...
Шекеринска на средби во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со првиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, министерката Шекеринска...
Скопските излети што никогаш не се забораваат
За тие незаборавни престои во природа се групирале по неколку семејства, а се користеле главно шпедитерски коли. Летниот одмор можел да трае и по две недели, но и повеќе. Постојат сведоштва од мајсторите во чаршијата што ги носеле семејствата на одмор во манастирите, се враќале во градот на работа, за по една или две недели повторно да се вратат...
Ние сме „Нова Македонија“
Како прв македонски дневен весник, вграден во темелите на македонската државност, преку кој македонските граѓани ги осознаа своите корени, азбука, јазик, култура, со еден збор сѐ што значи идентитетско обележје на еден народ, ние во редакцијата имаме два светли датума што ги чествуваме. Првиот е 29 октомври 1944 година, излегувањето на првиот број на весникот, а вториот е 1...
Изгласаниот закон е репресивен за сите
Ако таков закон би бил усвоен и ако би стапил во сила, секој албански пратеник во парламентот би бил должен да зборува на албански. Како што тоа се случува, одвреме-навреме некој албански пратеник да зборува на македонски, би морал да биде казнет. Во каква положба би бил претседателот на Собранието, независно дали е Албанец или Македонец?
Би дошол во тешка...
Пајет: Направен е голем напредок во преговорите
Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет , пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските Универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција....
Во функција осветлувањето на дел од автопатите А2 и А4
ЈП за државни патишта заврши со осветлувањето на дел од автопатите А2 и А4 во вкупна должина од 12 километри и го стави во функција осветлувањето на делниците: клучка Хиподром – клучка Белви – клучка Илинден во должина од 5,5 километри и клучка Хиподром – клучка Кадино во должина од 6,5 километри.
На овие потези, како што информираат од Министерството за транспорт...








































