Вучиќ очекува брз договор со Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, верува во можноста за нормализација на односите со Приштина и потпишување на спогодбата за соработка во наредните шест до 12 месеци. - Подготвени сме да разговараме за секое поединечно прашање и за секој предлог што ќе значи компромисно решение, но тоа да биде под услов на Србија да ѝ се понуди нешто за возврат -...

Епицентарот или ексцентарот на светот

Досега главно сите информации за текот на разговорите доаѓаа од грчка страна, при што не се пропушташе секоја шанса да се споменат грчките црвени линии. Конечно, крајно време е и јужниот сосед и меѓународната заедница да ги слушнат македонските црвени линии Во некои далечни времиња султанот наумил да казни некој непослушен селанец. Сепак, за да не биде толку очигледна неговата...

Во пожар во семејна куќа во кичевскo изгореле 21.500 евра и 30.000 франци

Вчера во куќа во село Србица - кичевско избувнал пожар во кој изгореа голема сума на пари. Во пожарот изгоре првиот кат од куќата сопственост на М.Л. (46). Пожарот бил изгаснат од  страна на Територијална противпожарна единица -Кичево. МВР информира дека опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Извршен бил увид од страна...

Тешко повреден пешак во Битола

Вчера околу 11 часот во Битола на улицата „Цар Самоил“ патничко моторно возило „Опел Корса“ удрило во пешакот Ц.Ј. (67) од Битола.  Возилото со битолски регистерски таблици било управувано од  77-годишниот Н.Ц. (77) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола.  Увид на местото на настанот...

Во Скопје откриена лабораторија за производство на марихуана

МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.К (25) и Г.К. (28) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дрело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. Кривично пријавените набавиле и инсталирале систем - лабораторија за производство на марихуана наменета за клиенти во Скопје. - При претресите во...

Со Македонија на дневен ред се затвора зградата на НАТО

Персоналот на 29-те земји-членки ќе се дислоцира во новото седиште во јуни, за чија изградба беа потрошени 1,5 милијарда долари Македонија е на агендата на вчерашниот состанок на шефовите на дипломатии на земјите-членки на НАТО, кој е практично последна средба на ова ниво пред самитот на Алијансата, кој треба да се случи во јули во Брисел. Во пресрет на состанокот, првиот...

Пожар во кулата на Трамп во Баку

Во главниот град на Азербејџан избувна пожар во кулата на Трамп, а сите улици кои водат до зградата се блокирани, пренесуваат руските медиуми. Зградата, која има 33 ката, е завршена, но се уште не е вселена.  На објавените снимки се гледа густ чад од врвот на зградата, висока 130 метри.  Во декември Трамп Организејшн   (Tramp Organizejssn) од САД ги прекина лиценцните договори за...

Обраќањето на Туск на македонски, не остана незабележано во Грција

Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет. Во текстовите во грчките медиум, зборот македонски е во наводници или пак го користат терминот „славомакедонски јазик“. - На...

Книжните банкноти од 10 и 50 денари ќе важат до 15 мај

Народната банка на Република Македонија денеска на својата веб-страница, на официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ и на официјалната страница на социјалната мрежа „Твитер“ објави нов информативно-едукативен текст во кој се презентирани одговорите на повеќе важни прашања на граѓаните во врска со влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Презентираните информации, првенствено се...

Во Македонија многу ѝ веруваат на Словенија

Интервју со Милан Јазбец, амбасадор на Р. Словенија во Р. Македонија Македонија сега е пример дека целиот регион може да оди напред. Можеби ќе звучи премногу ентузијастички, преоптимистички, но мислам дека сега е моментот за големата мисија на македонската политика, и на позицијата и на опозицијата, која е најмалку двојна - и за Македонија и за регионот. Треба да им...