ИД уби најмалку осум цивили во Ирак

Вооружени мажи од автомобил кој се движел со голема брзина синоќа отвориле оган врз цивили при што убиле најмалку осум, а повредиле 13 лица, на околу 25 километри северно од ирачкиот главен град Багдад. Според полициски извори, нападот бил извршен во близина на градот Тармија, во фреквентна трговска област. Очевидци рекле дека напаѓачите мавтале со црно знаме на сунитската екстремистичка група...

Колку ќе ги чини туристите новата такса за престој во Грција

Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој. Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за еден или повеќе денови....

Прифатена гаранцијата на обвинетиот Душко Лазаров за излегување од притвор

Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд  ја прифати гаранцијата на обвинетиот Душко Лазаров за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година да се брани од слобода со гаранција во недвижен имот.  За обвинетиот Митко Пешов пак Судот не го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор...

Над 70 повредени во земјотресот во Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот, планински дел на Иран, при што се повредени најмалку 76 лица. По земјотресот во прекин се електричните и комуникациските врски. Земјотресот е регистриран во градот Сисакт, околу 700 километри кужно од Техеран. Во градот живеат околу 10.000 луѓе.  

Одбиени барањата за изземање на судии во „Титаник“

Врховниот суд ги одби како неосновани или ги отфрли како недозволени барањата за изземање на судии на Апелацискиот и на Кривичниот суд што беше побарано од одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“. - Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по барање на одбраната во предметот со КОК бр. 7/18, од Обвинителството означен како „Титаник“ за иземање на ВД...

Партиите се координираат за идниот гувернер на НБРМ

Во Народната банка на Република Македонија веруваат дека изборот на нов гувернер ќе се изврши навреме со почитување на законите. За нов гувернер претседателот на државата Ѓорге Иванов го предлага актуелниот Димитар Богов на кој му истекува мандатот на 21-ви овој месец. - Веруваме дека именувањето гувернер на Народната банка ќе се реализира навремено, со целосно почитување на одредбите од...

Без вода дел од строгиот центар

Поради промена на вентил од „ф-2“ на ул. „Никола Вапцаров“ бб кај Тренд во населба Центар, утре од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ корисниците без вода ќе бидат до санирање на дефектот.

„Коха диторе“: Тачи без поддршка за водење на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Предлогот на Рамуш Харадинај, косовскиот претседател Хашим Тачи да има водечка улога во дијалогот меѓу Приштина и Белград, нема поддршка на мнозинството во владејачката коалиција, објави приштинскиот весник „Коха диторе“. Опозициските партии претходно го отфрлија тој предлог, а малку подоцна и Социјалдемократската иницијатива, која е дел од владејачкото мнозинство. Владината платформа за дијалог со Белград е поднесена во косовскиот Парламет...

Нови осум свадбари од Кочани затруени со храна

Нови осум свадбари од Кочани се затруле од храна, информираше денеска директорката на Центарот за јавно здравје - Штип, Марија Димитрова. Пациентите денеска побарале медицинска помош кои имале тешка здравствена состојба со симптоми на дијареја, повраќање и висока температура. Во моментов се одвива хоспитализацијата на пет пациенти од вкупно осумте свадбари кои побарале денеска помош, а епидемиолозите од Центарот за јавно...

Од утре облачно со врнежи од дожд, поинтензивен во западна Македонија

Облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен...