Затворски казни за десет вработени во весникот „Заман“
Десет вработени во весникот „Заман“, кој е затворен од турските власти, денеска се осудени на затворска казна во траење до девет години, под обвинение дека „помагале на вооружена терористичка организација без да членуваат во неа“.
Најголеми казни, на девет години затвор се осудени новинарите Хакан Ташделен, Ахмет Секизкардеш и Фарук Акан.
Весникот „Заман“ и „Тудејс заман“, што излегува на англиски јазик...
Јапонци ограбени додека возеле велосипед меѓу Катланово и Брезница
Двајца Јапонци се ограбени додека со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, соопшти МВР.
Во СВР-Скопје вчера околу15:00 часот е пријавено дека на локалниот пат од Катланово кон Брезница на Јапонците Ш.К.(54) и Х.К (48), кои се движеле со велосипеди им се приближило патничко моторно возило „Форд“.
Три непознати лица излегле од возилото и...
Од осми до 15 јуни 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Од осми до 15 јуни во Прилеп ќе се одржи 53 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Ова денеска на прес конференција го соопшти уметничкиот директор и селекторот Катерина Коцевска, која истакна дека во официјална конкуренција ќе бидат прикажани 12 претстави.
Годинашни добитници на наградите за животно дело се актерот Петре Арсовски, кој на сцената на МНТ одиграл ликови...
МЗШВ го продолжи рокот за поднесување барања за субвенции
Рокот за поднесување барања за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството ќе се продолжи до 12 јуни 2018 година, наместо до 15 мај, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
За таа цел, во координација со Платежната агенција, МЗШВ ќе изврши измени на Уредбата за директни плаќања 2018 што треба да се донесе на седница...
Се самоубил постар скопјанец
Деведесет и едно годишен скопјанец вчера извршил самоубиство, посегнувајќи си по животот со огнено оружје, соопшти МВР.
Во СВР-Скопје вчера во 17:30 часот е пријавено дека на улицата „Методија Митевски“, Ѓ.П. извршил самоубиство со огнено оружје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на...
Насилници со тупаници решавале недоразбирање во сообраќај
Група насилници нападнале 47 годишен скопјанец на улицата Приштинска во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата Приштинска физички бил нападнат од група од околу 10 лица. Причина за нападот била претходна расправија за недоразбирање...
Владимир Дојчиновски – уметнички директор на „Макфест 2018“
Владимир Дојчиновски e нов уметнички директор на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. На оваа функција го наименува градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, бидејќи веќе неколку години оваа реномирана меѓународна манифестација е под закрила на локалната самоуправа.
- Чест ми е што сум дел од фестивалот и ќе направам сè тој да го задржи своето реноме и секако ќе работам да биде...
Зен-градините го смируваат умот, релаксираат и опуштаат
„Индор гарден“ се стреми да ја внесе зелената уметност во животот на луѓето, да им ја приближи природата и да им го намали стресот во градските средини. Според будистичката зен-доктрина, најважниот концепт на овие градини е симболично изразување на една вселена на ограничен простор
Светскиот проблем со аерозагадувањето, забрзаниот стил на живот, фактот дека луѓето голем дел од времето го...
Започнува акцијата „Цел Центар на точак“
Општина Центар Скопје од денеска започнува со спроведување на акцијата “Цел Центар на точак”, во чии рамки Општината ќе субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од денеска. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени...
„Ај кју“ го скрши мразот на „Евровизија 2018“
Нашите годинашни евровизиски претставници, членовите на групата „Ај кју“, во понеделникот ја имаа првата официјална проба во арената „Алтис“ во Лисабон, Португалија.
Всушност, тие први од учесниците се качија на сцената каде што ја исполнија песната „Lost And Found“, со која ќе ја претставуваат Македонија на првата полуфинална вечер на 63-то издание на „Евросонг 2018“, што ќе се одржи на...








































