Вооружени мажи од автомобил кој се движел со голема брзина синоќа отвориле оган врз цивили при што убиле најмалку осум, а повредиле 13 лица, на околу 25 километри северно од ирачкиот главен град Багдад.

Според полициски извори, нападот бил извршен во близина на градот Тармија, во фреквентна трговска област.

Очевидци рекле дека напаѓачите мавтале со црно знаме на сунитската екстремистичка група „Исламска држава“, која малку подоцна презеде одговорност за нападот.

Ирак се подготвува за парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 мај. Ова се први избори откако Владата на почетокот од годинава соопшти дека „Исламска држава“ е поразена во Ирак.