Ни казните не го решаваат хаосот на улицата Цветан Димов

Улицата Цветан Димов веројатно е една од сообраќајниците во градов на кои секојдневно се случуваат најмногу сообраќајни прекршоци, a ниту казните не ја поправаат сликата. И завчера полицијата беше таму и казнуваше. На оваа улица прекршоци прават како возачите, така и пешаците. Токму поради хаосот на оваа главна артерија за влез и излез во Чаир многу често се случува...

Специјализирани дронови ќе им помагаат на службите за спасување

Беспилотните летала ќе имаат сигнал за мобилна мрежа, ќе скенираат згради и ќе носат медицински материјали Дроновите можеби се најпознати по тоа дека можат да снимаат импресивни видеоснимки од голема висина и да вршат увид во високи згради, инфраструктура и големи плантажи на растенија. Но најновата технологија ветува дека тие можат да ја подобрат и мобилната мрежа и Интернет за...

По 38 години, се враќа идејата за мундијалито

Во 1980 година во Уругвај се одржа мало СП (познато како мундијалито) со шест селекции, а сега идејата е во непарните години, пред светските првенства, да се игра турнир со осум репрезентации Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, предложи да се организира мини-светско првенство (СП), на кое би учествувале осум репрезентации и кое би се одржувало секои две...

Украина е 17-та земја во која ќе се игра за титулата

Украина ќе биде 17-та земја во која ќе се игра финалето на фудбалската Лига на шампионите (Киев, 26 мај). По еднаш финале се играло и во СФРЈ, Русија, Велс, Швајцарија и во Турција. Меѓу земјите, рекордер е Италија, со девет домаќинства (Милано, Рим и Бари), а меѓу стадионите е „Вембли“, со седум финалиња (пет на стариот, две на новиот)....

По шест години англиски тим во финале

По шест години пауза Англија ќе има финалист во фудбалската Лига на шампионите. Во средата Ливерпул ја елиминира Рома и ќе игра во мечот за европската титула со Реал Мадрид, а претходно англиски клуб имаше во 2012 година, кога Челси играше и победи во финалето во Минхен (против Баерн, на пенали). Шпанија, пак, петта година едноподруго ќе има барем...

Досега пет пати квалификант станал првак

Досега четири тима успеале да ја освојат титулата во фудбалската Лига на шампионите во сезоната што ја почнале во квалификациите. Прв тоа го направи Манчестер јунајтед во 1999 година. Милан е единствен со две такви титули (2003 и 2007 година), а другите два тима се Ливерпул во 2005 година и Барселона пред девет години. Сезонава во таква позиција е...

Реал – Ливерпул: третпат „комбинирана“ реприза на финале

Двата тима ќе се сретнат на 26 мај во Киев, а играа во финалето на поранешниот КЕШ во 1981 година. Досега во мечевите за титулата во КЕШ, а потоа и во ерата на ЛШ, меѓу себе играле само Ајакс и Јувентус (1973 и 1996), односно Ајакс и Милан (1969 и 1995) Реал Мадрид, бранителот на титулата, најтрофејниот клуб со 12...

Фајналфорот во Келн ќе се игра со умна топка

Таа, пред сѐ, ќе ја зголеми атрактивноста на оваа игра за публиката во салите и за оние покрај малите екрани Претстојниот ракометен фајналфор во Лигата на шампионите (ЛШ), во Келн (26 и 27 мај), првпат ќе се игра со новата т.н. топка „ибал“, која се очекува ТВ-преносите да ги направи многу позанимливи, па и повеќе од тоа. Европската ракометна федерација...

Иванов го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер на НБРМ

Претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,...

Одложено доделувањето на Нобеловата награда за литература за 2018 година

Шведската академија денеска објави дека ќе ја одложи наградата за овогодинешната Нобелова награда за литература - за првпат по речиси 70 години, објави АФП. - Шведската академија има намера да донесе одлука и да ја прогласи Нобеловата награда за литература за 2018 година заедно со името на лауреатот за 2019 година - соопшти Академијата. Постојат преседани на овој настан. Во одредени...