Меган Маркл е новата Грејс Кели
Меган Маркл и Грејс Кели, иако на прв поглед се многу различни, сепак имаат многу заеднички страни
Светот уште добро ја памети големата венчавка на американската глумица Грејс Кели и принцот Рение Трети. Слично бајковито сценарио ќе се повтори и за околу три недели, а главни протагонисти се принцот Хари и Меган Маркл.
Во април 1956 година славната холивудска дива Грејс...
Мишел Фајфер на 60 години се враќа на сцената
Холивудската ветеранка Мишел Фајфер некое време се дистанцира од филмскиот свет, но се врати со неколку одлични улоги. Со оглед на младоликиот изглед и прекрасната линија, тешко дека некој ќе ѝ даде 60 години, кои ги прослави на 29 април.
Убавата блондинка, која се прослави со улогата во филмот „Скарфејс“, многумина ги изненади што зеде пауза во 2013 година, по...
„Рил рок“ – качувачки документарен серијал
Најновото издание на качувачкиот документарен серијал „Рил рок“ по четврти пат ќе се одржи денеска, во 19 часот, во градскиот парк, на Школка, во рамките на Скопскиот спортски фестивал. Ќе бидaт претставени најголемите качувачки приказни, кои ќе донесат возбудлива акција, голема смеа и вистинска инспирација.
- „Рил рок“, качувачкиот документарен серијал, стигна до своето дванаесетто издание, во чии рамки повторно...
Во Солун нов обид на Димитров и Коѕијас за решавање на спорот за името
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат нова билатерална средба во рамките на министерскиот состанок што се одржува во Солун.
Средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Иако, формално, преговорите за името се одвиваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, министрите Димитров и Коѕијас,...
Познатиот производител на гитари „Гибсон“ банкротира
За да ја вратат старата слава и повторно да ја кренат компанијата на нозе, во „Гибсон“ наведуваат дека ќе го прекинат прекуокеанското работење и ќе му се вратат на стариот бизнис - производство на легендарните гитари
Еден од најпознатите производители на електрични гитари, компанијата „Гибсон“, побара поведување банкрот поради големи загуби и лошо работење. Фирмата извесно време работела со долг...
ФОТО: Се отвори дупка со должина на две фудбалски игралишта
Огромна дупка, со должина на две фудбалски игралишта и длабока колку шесткатна зграда се отвори на фарма во Нов Зеланд.
Дупката се појавила по неколкудневните обилни врнежи, во близина на градот Роторуа на Северниот остров.
Локалното население тврди дека дупката настанала на тоа подрачје бидејќи се урива подземен варовник.
Новозеландскиот вулканолог Бред Скот изјави дека дупката е трипати поширока од која и...
Експлозивно средство пронајдено во кумановската населба „Карпош“
Неексплодирано убојно средство пронашол жител во кумановската населба „Карпош“ вчера и случајот го пријавил во Регионалниот центар за управување со кризи, информираат од Центарот.
За случајот биле информирани стручни екипи од СВР Куманово и од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово. Пиротехничарите на Дирекцијата го отстраниле средството кое сега е сместено во магацин за таа намена.
Регионалниот Центар за управување со...
Легендарни глумци собрани во урнебесната комедија „Читателски клуб“
Деновиве е објавен финалниот трејлер за урнебесната комедија „Читателски клуб“, која на едно место ги собра актерските ѕвезди: Дајан Китон, Кендис Берген, Џејн Фонда, Мери Стенбурген, Енди Гарсија, Креиг Т. Нелсон, Дон Џонсон, Алиша Силверстон и Ричард Драјфус.
Филмското остварување на режисерот и сценарист Бил Холдерман ни ја донесува приказната за четирите пријателки од детството што живеат во Калифорнија и...
Прасето Пепа во Кина прогласено за мрзлив и опасен лик
Кинеската интернет-платформа „Довин“ ги отстрани клиповите на британскиот цртан филм „Прасето Пепа“, бидејќи е оценето дека овој лик станал икона на мрзливоста и на антисоцијалната младина. Најмалку 30.000 видеоклипа се отстранети од популарната платформа, а на сајтот е забранет хаштагот #PeppaPig, пишува весникот „Глобал тајмс“.
Според документите што ги цитираше весникот, цртаниот филм на Би-би-си е цензуриран на истиот начин...
Твитер советува: Променете ги лозинките
Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата.
Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг" којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки.
Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.
Твитер ги штити шифрите така...








































