Мијалков не гледа причина зошто би му се извинил на Бошкоски
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков истакна дека не му се извинил на Љубе Бошкоски при нивната денешна средба, во судницата во Кривичниот суд во Скопје, каде што беше закажано рочиштето за предметот „Тортура“.
- Не сум му се извинил на Бошкоски, ниту има причина за извинување. Институциите постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што...
Вучиќ: Решението на косовскиот проблем ќе биде мој политички крај
Решението на косовскиот проблем, какво и да биде, воедно ќе биде и мој крај во политиката, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
- Кога станува збор за решение за Косово, се надевам на решение. Знам, какво и да биде решението, тоа е мој крај во политиката – рече Вучиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“ за 15 годишнината од печатењето на...
Во летната сезона за 20 проценти повеќе туристи од Холандија
Првите холандски туристи во летната сезона во Македонија слетуваат утре со туроператорот Корендон на охридксиот аеродром. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат до 16-ти октомври оваа година.
На почетокот Корендон ќе лета два пати неделно до Охрид, во вторник и во петок, додека во најголемиот ек на сезоната – во јули и август, компанијата ќе додаде уште еден лет. Овие...
Девојка се сончала гола на тераса, на соседот му пречела глетката
Загрижен жител на Осиек деновиве се јавил во редакцијата на „Глас на Славонија“ преку електронска пошта информирајќи ги за една девојка која се сончала гола на тераса, прашувајќи дали воопшто тоа е законски.
На осјечанецот му засметал тој чин, додавајќи дека девојката се сонча гола секој ден, а отспротива живеат семејства со мали деца.
- Речиси секој ден може да се...
Дванаесет кривични за случајот со Тамара Димовска
Поднесено е обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. За случајот, според соопштението, обвинети се петте члена на Првостепената и членовите на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директора на...
Кризата во Венецуела ја зголеми цената на нафтата
Цените на нафтата пораснаа во понеделник на меѓународните берзи кон 76 долари, поттикнати од продлабочувањето на економската криза во Венецуела и очекувањето на американската одлука за обнова на санкциите за Иран.
На лондонската берза цената на барелот порасна 80 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 75,67 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 84 центи повисока цена,...
Убиен кандидат за пратеник во ирачкиот парламент
Еден кандидат за пратеник во ирачкиот парламент бил убиен од непознати напаѓачи јужно од Мосул, соопшти денеска претставник на ирачката полиција.
Непознати напаѓачи во селото ал-Зака јужно од Мосул во текот на ноќта упаднале во куќата на Фарук Зарзур ал-Џубури, кој се кандидирал за парламентот на листата на поранешниот потпретседател Ајад Алави и го избоделе, додава полицискиот извор.
За нападот одговорноста...
Филмови кои ќе се натпреваруваат за „Златна палма“
Вкупно 21 филм ќе влезат во конкуренција за наградата „Златна палма“ на 71. Меѓународен фестивал во Кан, кој годинава ќе трае од 8 до 19 мај. Претседател на годинешното деветчлено жири е австралиската глумица Кејт Бланшет.
Ова е листата на филмови кои ќе се натпреваруваат за главната награда:
1. „Livre d'image" на француско-швајцарскиот режисер Жан-Лик Годар,
2. „Lazzaro Felice" на Италијанката Алис Рорвочер,
3. „Zimma Wojna"...
Кратовец прегазен од сопствениот автомобил
Педесет и едногодишен маж загинал синоќа во бизарна несреќа во кратовското село Којково, соопшти полицијата.
Според истиот извор, С.С. (51) бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило „застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец...
Денови на филигранство и накит
Занаетчиската комора - Скопје и „Скопје сити мол“ четврти пат го организираат настанот „Денови на филигранство и накит“, со кој сакаат да се даде поддршка за зачувувањето на културната традиција, но и да им дадат можност на занаетчиите да се претстават во современ продажен објект и да се понудат на поголем пазар. Викендов на приземјето во „Скопје сити мол“...








































