Се уште беснее пожарот во Пустец
Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска.
Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно а опожарената површина е многу голема.
-Од првите моменти кога беше пријавено, имаше брза реакција, но времето и оваа суша го фаворизираа неговото...
САД со забелешки до Европа за „орвеловска цензура“
Од Брисел пропагираат слобода на медиумите, а очигледно практикуваат сосема спротивно
Европа како никогаш досега се соочува со силни критики поради строгата контрола врз медиумите, било да станува збор за оние класичните или за социјалните медиуми, при што не остава ниту минимален простор да се најде каква било критика на актуелните европски политики.
Американскиот Стејт департмент пред некој ден ја обвини...
Проектот на векот носи чиста енергија и просперитет
Изградбата на најголемата хидроенергетска брана во светот започна на 19 јули, при што кинескиот премиер Ли Чијанг ја нарече „проект на векот“. Но не станува збор само за проект за електрична енергија и економски придобивки туку влоговите се многу поголеми, бидејќи од него зависат регионалната безбедност, еколошката стабилност и иднината на една од големите реки во Азија
Кина ја почна...
Како топлото време влијае на дијабетесот?
На страниците на „Нова Македонија“ објавуваме ексклузивна летна рубрика посветена на здравјето и безбедноста во најжешкиот период од годината. Преку совети од лекари и стручни лица, читателите ќе добијат практични информации за заштита од високи температури, правилна хидратација, избор на здрава и безбедна исхрана, безбедност при патувања и престој на плажи, како и за превенција од сезонски ризици и...
Преку ден сончево и топло, попладне услови за дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе...
Марш на ангелите: „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“
Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на денешниот 16. Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК, кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип, до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.
-Сакаме да ги прашаме до каде...
Голем пожар во Националниот парк „Преспа” – Пустец, ситуацијата станува сериозна
Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“, во предел кај Пустец.
-Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот - објави Топ чанел.
Пожар од големи размери, на Сува...
Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија
Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Усвојувањето на нов седумгодишен буџет бара едногласно одобрување и се додека не ги добиеме преостанатите (замрзнати) средства, нема да има нов буџет“, рече Орбан на универзитетот во романскиот град Баиле Туснад.
Европската комисија неодамна предложи буџет за...
Големиот пожар кај Струмица е под контрола
Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов.
Според него, големиот и црн чад излегува од склад во...
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е...









































