Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа...
Односите со Киев ќе се одредат по исполнување на целите на „специјалната воена операција“, вели Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека идните односи меѓу Русија и Украина ќе бидат дефинирани дури по завршување на задачите од, како што ја нарече, „специјалната воена операција“.
- Во моментов, ова е премногу теоретско прашање. Прво мораме да ги решиме задачите што ги постави операцијата. Најпосакувано е тоа да се постигне со политички и дипломатски средства, но тие...
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
Патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, вчера околу 16:20 часот на улица „Димко Најдов“ излетало од патот и завршило на пругата кај Стар Мост во Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 48 годишната Р.Т. и нејзината 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес, информираат...
Николоски: Придобивките од експресниот пат Градско-Дреново-Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско-Дреново-Фариш.
Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски.
- Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу...
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
Полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 денеска извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожарот.
- Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и...
Две награди за „Жена ми се вика Борис“ на кавадаречкиот театар на фестивалот во Требиње
Театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци на Меѓународниот фестивал „Фестивал на фестивалите“ кој се одржа по 68-ми пат во Требиље, Босна и Херцеговина, со претставата „Жена ми се вика Борис“ во режија на Диме Боцев, ја доби наградата „Златна маска“ за најдобра колективна игра и специјална Фестивалска диплома за режисерски и актерски придонес на Диме...
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека вчера се приведени осум млади луѓе на возраст од 20 до 25 години поради тепачка, во која еден од нив е повреден со остар предмет. Тепачката се случила околу 23 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито“, а полицајците веднаш успеале да ги приведат.
- Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле...
Во Бугарија активни околу 240 пожари, очекуваaт хеликоптери и авиона од ЕУ да се приклучат во гаснењето, рече Жељазков
Очекуваме четири хеликоптери – од Чешка, Унгарија, Словачка и Франција, како и два авиона од Шведска да се приклучат денеска во гаснењето на пожарите на територијата на Бугарија во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, кој коментираше на темата за време на неговата официјална посета на Република Молдавија - јави...
Камбоџа и Тајланд меѓусебно се обвинуваат за артилериски напади
Камбоџа и Тајланд денеска упатија меѓусебни обвинувања дека другата страна започнала артилериски напади низ спорните гранични области рано утрово, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот.
Министерството за одбрана на Камбоџа објави дека Тајланд ги гранатирала храмовите комплекси утрово и започнала копнени напади на неколку точки.
Тајландската...
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен.
Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.
Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит.
Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води...









































