Трамп и Си разговараа за трговските односи и за Северна Кореја
Билатералните трговски односи и состојбата околу Северна Кореја беа главни теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг.
Како што јавија кинеските државни медиуми Си во разговрот му порачал на Трамп дека Кина и САД треба да се обидат да најдат начин за соодветно решавање на трговските спорови.
Си нагласил и дека Кина...
Трамп му најавил на Макрон повлекување од иранскиот нуклеарен договор?
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон му соопштил дека „ќе ги повлече САД“ од Договорот за иранската нуклеарна програма, објави електронското издание на „Њујорк Тајмс“.
Тврдењето на весникот е објавено неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп во кое тој треба да ја соопшти својата одлука околу еветуелното повлекување на САД од иранскиот...
Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула
Екипата на Струмица ја одбрани шампионската титула во одбојка откако во четвртиот меч од финалната серија попладнево во Скопје го совлада Вардар со 3-2.
Вардар ги освои првиот и третиот сет со 25-21 и 25-22, додека вториот и четвртиот им припаднаа на одбојкарите од Струмица со идентични 25-20. Петтиот решавачки сет го добија гостите.
Финалната серија почна со победа на Вардар,...
Денот на Европа одбележан во Куманово
Денеска во Куманово во организација на Европското движење во Република
Македонија, Општината Куманово и Инфо – точката од Куманово, со низа настани
беше одбележан Денот на Европа.
Одбележувањето на Денот на Европа во Куманово почна во населбата Диво насеље (каде што пред три години се случија воените настани во Куманово), каде што на улицата „Тоде Мендол“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и...
Писателот Мекјуан му „помогна“ на синот да добие тројка, пишувајќи за неговиот роман
Наградуваниот британски писател Ијан Мекјуан се обидел да му помогне на својот син Грег да го анализира неговиот роман „Истрајна љубов“, што била задача на средношколски тест, кој бил изненадувачки слабо оценет, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.
- Беше приморан да ја прочита книгата на татка си. Замислете, кутриот тој. Признавам дека го подучив и му кажав што треба да земе...
УСАИД ќе продолжи со поддршка на проекти во Македонија
Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија денеска престојуваше во Дебар.
Тој се сретна со градоначалникот Ружди Љата, а потоа присуствуваше на спортската активност во основното општинско училиште „Саит Најдени“ во рамки на УСАИД проектот „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“.
На настанот учествуваа ученици од ова, како и од најголемото дебарско ООУ „Братство единство“, а го проследија и...
Макрон го предводеше маршот по повод победата над фашизмот
Францускиот претседател Емануел Макрон ја предводеше денешната церемонија во Париз по повод 73-тата годишнина од победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна.
Макрон парадираше низ Елисејските полиња во придружба на припадници од Републиканската гарда.
Францускиот претседател имаше и средба со воени ветерани и положи венец на споменикот на генерал Шарл де Гол и на Гробот на незнајниот јунак кај...
Планината од „Игра на тронови“ стана најсилниот човек на светот
Хафтор Џулиус Бјорнсон (29), кој го глуми ликот на Грегор Клигејн - Планината во популарната телевизиска серија „Игра на тронови“, е победник на годинашното натпреварување за „најсилен човек на светот“, одржано на Филипините во неделата.
Бјорнсон е редовен учесник во натпреварувањето, во кое по трипати беше второпласиран и третопласиран.
Отпочнаа подготовките за втората фаза од Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ
Владата на денешната 67-ма седница донесе одлука за отпочнување на подготовките за втората фаза од Спогодбата за асоцијација и стабилизација. Владата ќе му предложи на Собранието укинување на ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци. На седницата времено е укината увозната давачка за свинско месо, а Владата исто така утврди дополнителни активности за финансирање на секундарната гасоводна мрежа.
Владата на денешната...
Вучиќ ќе барa од Путин да излезе со свој став за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се наоѓа во посета на Москва, денеска изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин ќе побара „подлабоко“ да го согледа косовскиот проблем и да „излезе“ со политички став на Москва за Косово.
- Ќе го замолам претседателот Путин, не само со директната поддршка што ја дава на Србија, туку и недвосмислено да излезе со...








































