Меркел: На Блискиот Исток сме доведени до прашањето на војна или мир

Иранските напади врз израелски цели на Голанската Висорамнина не доведуваат пред прашањето на војна или мир на Блискиот Исток, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. - Знаеме дека сме соочени со екстремно сложена состојба. Ескалацијата во последните неколку часови укажува дека сега навистина е прашање на војна или мир. Јас само можам да ги повикам сите вмешани страни на воздржаност, изјави...

Поевтинуваат свинските месни производи

Свинските месни производи ќе поевтинат за 10 до 15 отсто или за околу 30 денари за килограм, најавија денеска преработувачите, поздравувајќи ја времената владина одлука за укинување на увозните давачки. Претставниците на месната индустрија очекуваат во наредните шест месеци, додека трае одлуката, да ги реализираат своите очекувања за зголемување на производството. Според нив, со укинувањето на увозните царински давачки производителите...

Бразил најголем извозник на фудбалери во светот

Бразил е прва држава во светот според бројот на фудбалери во странство, според истражувањето на фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Од Центарот велат дека јужноамериканската земја е извозник на 1.236 фудбалери ширум светот, а по „кариоките“ следи Франција (821), Аргентина (760) и интересно - Србија (465). Зад нашиот северен сосед се земји како Англија (413), Шпанија (316),...

Манифестацијата „Денови на Иљо“ од денес започна да се одржува во Тетово

Започна одржувањето настани во рамки на традиционалната меѓународна манифестација „Денови на Иљо 2018-та“ во организација на Здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок. Свеченото отворање беше во знакот на изложба на карикатура насловена Бегалска криза 2018 од Мирослав Георгиевски Миро. Првиот ден продолжува во Музејот на Комунистичката партија во населбата Два бреста каде се одржува втората традиционална поетска вечер. -Во...

Пендаровски: И без покана за членство на Македонија во НАТО, не постојат закани

Ако не добиеме покана за членство во НАТО, наш предизвик во следниот период, наспроти нечии катастрофични предвидувања, нема да биде сочувување на територијалниот интегритет и суверенитет, бидејќи такви закани нема, туку развојот на демократските институции и економијата, истакна Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО на денешната дебата „Предизвиците на Македонија пред Самитот на НАТО во 2018“. Според...

Делови од Аеродром, Карпош и други скопски села утре без струја

Без електрична енергија утре од 8 до 13 часот ќе останат жителите од скопското село Љубанци, летувалиштето Љубанци, млин Љубанци, мали ХПП Љубанци, дел од корисниците од село Мирковци, од викенд населбата Побожје и селата Побожје, Кучевиште, Бродец, Танушевци и Брест. Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна и Горна Матка, како...

Дуке Бојаџиев со два концерти во Македонската филхармонија

По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и во сабота, во истиот термин. На денешната прес-конференција беше дел од музичкиот тим и пријатели кои ќе настапат со Дуке Бојаџиев, Тијана, Костас Анастасиадис-тапани и Исмаил Лумановски-кларинет. Бојаџиев...

Околу Бермудите откриени десетици непознати морски видови на флора и фауна

Научниците од Оксфорд кои го истражуваат морското дно на 300 метри длабочина околу Бермудските Острови, открија десетици досега непознати морски видови на флора и фауна, објави „Дејли меил". Меѓу новооткриените видови се мали ракчиња, алги, црн бодликав корал, јагули, риби. Мисијата е организирана од здружението за проучување на океаните „Нектон", а морските биолози ангажирани за неа, се од Оксфордскиот Универзитет и од...

Бремените жени дискриминирани од работодавачите

Бремени жени кои биле вработени на определено време годинава најмногу поднеле претставки до Комисијата за заштита од дискриминација, бидејќи останувале без работа веднаш откако работодавецот ќе дознаел дека се бремени. - За жал и покрај тоа што сме свесни дека постои ваков вид на дискриминација, законот не ни дозволува да преземеме одредени чекори и во овие случаи утврдуваме дискриминација само...

Музичарите горди на првата „Македонска рок-енциклопедија“

Тошо Филиповски, музички новинар и директен учесник во создавањето на македонската рокенрол-сцена, завчера на ден пред својот роденден, на платото пред МКЦ го претстави првиот том на „Македонската рок-енциклопедија“, на кој работеше цели 6 години. Овој редок настан привлече македонски рокери од повеќе генерации од целата земја во голем број да дојдат на промоцијата, не криејќи дека се чувствуваат гордо...