Битолчанка е „највештата жена“ во Македонија
Наташа Гулабоска – Ѓорѓиева од Битола ја понесе титулата „Вешта жена на Македонија“ за 2018 година на одржаната манифестација во тетовски Лешок. Нејзината маса насловена како „Барок“ ги освои симпатиите и на публиката и на жири-комисијата.
- Првпат учествувам на државната манифестација. Подготвив маса со главно јадење и се останато во барок стил - рече победничката.
Второто место на републичката „Вешта жена“...
ДУИ ги дефинира приоритетите за следните две децении
Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека е успешен и ветувачки текот на преговорите со Грција и ги охрабрува властите храбро да пристапат кон затворање на долгогодишниот спор.
На состанок во петокот, Претседателството на ДУИ, освен за проблемот со името, дискутирало и за односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот на Европската комисија за напредокот на...
Најмалку шестмина загинати во нападот на владините објекти во Авганистан
Авганистанските безбедносни сили се спротивставиле на група напаѓачи кои нападнале владини објекти. При нападот, загинаа најмалку шест лица, а околу 30 се повредени.
- На почетокот на нападот одекнаа три експлозии во објект во кој се сместени владините канцеларии за градежништво и финансии - посочи портпаролот на провинцијата Нангархар, Атахулах Кхогјани.
Повредените лица се хоспитализирани, но од локалната болница наведоа дека...
Беживотно тело на маж извлечено од Охридското Езеро кај Подмоље
Беживотно тело на машко лице денеска околу пладне е извадено од водите на Охридското Езеро, во близина на селото Подмоље.
Увид на местото изврши екипа на крим-техника од СВР – Охрид, во присуство на јавен обвинител. Засега не се соопштува идентитет на лицето, а истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан.
Израел уништи тунел на Хамас
Израел соопшти денеска дека уништил тунел на исламистичката група Хамас, што се наоѓал во близина на границата и го затворил главниот граничен премин со Појасот Газа.
- Тунелот беше долг околу еден километар. Го копале неколку месеци, а ние го следевме тоа неколку недели, наведе портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.
Израелската војска соопшти дека со помош на воените авиони бил...
Старец се самоубил со бесење во Прилепско
Седумдесет и седумгодишен старец вчера се обесил, во селото Мало Мраморани, Прилепско, според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Т.З. (77) извршил самоубиство со бесење, вчера околу 7 часот изутрина, информира полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.
Напаѓачот на ИД од Париз имал француско државјанство
Мажот кој синоќа во центарот на Париз изврши напад со нож и при тоа уби едно лице, а повреди повеќемина, е роден во Чеченија во 1997 година.
Француските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека напаѓачот има француско државјанство.
Поради истрагата, родителите на напаѓачот се приведени.
По синоќешниот напад, француската полиција го уби напаѓачот.
Тој извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем) додека...
Откриени тајните од епската „прва мисија на последната планета“ на НАСА
Ракета со големина од 68 метри беше лансирана од Кејп Канаверал, САД, во 2006 година, носејќи ја сондата тешка околу 450 килограми, наречена „Нови хоризонти“, чија цел беше да се пробие милијарди километри низ вселената до најдалечната планета во Сончевиот систем, Плутон, пишува „Њујорк пост“.
„Првата мисија на последната планета“, како што е позната, е опишана во книгата „Во потрага...
Едно лице прободено со нож во тепачка во кафеана
Едно лице било прободено со нож во градите во тепачка што рано утрово се случила во кафеана на улицата „50-та Дивизија“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, Н.Ѓ., утрово во 04.10 часот пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија" во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви.
Лицето Д.А. (34)...
Бомбаши-самоубијци извршија напади на три цркви во Индонезија
Бомбаши-самоубијци извршија напади врз три цркви во Индонезија, при што загинаа најмалку девет лица, а над 40 се повредени. Нападот се случи во градот Сарабаја.
Трите напади се извршени координирано во само неколку минути.
Властите на Индонезија јавија дека се уште никој не преземал одговорност за нападите.
https://www.youtube.com/watch?v=kHPTIkX8soI








































