Остатоци од расен тркачки коњ пронајдени во Помпеја
При археолошките ископувања во Помпеја откриена е штала во која биле пронајдени остатоци од расен тркачи коњ.
Според археолозите од овој локалитет во близина на Неапол, коњот во моментот на смртта бил легнат на левата страна.
Директорот на Помпеја, Масимо Осана, нагласи дека станува збор за чистокрвен расен коњ најверојатно користен за трки, а не за работа.
Шталата е дел од богата...
Ердоган замина на тридневна посета на Велика Британија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска замина на тридневна работна посета во Велика Британија.
Турските медиуми јавија дека тој, во рамките на посетата, планира да оствари средби со британската премиерка Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора.
Амбасадорот на Велика Британија во Турција, Доминик Чилков изрази надеж дека посетата ќе даде поттик за развојот на билатералните односи и ќе ја зајакне...
Дачиќ ќе учествува на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово
Српскиот министер за надворешни работи ќе ја претставува Србија на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН.
На седницата ќе биде разгледуван извештајот на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН во Косово, во период од 17 јануари до 15 април 2018 година.
Дачиќ ќе го коментира извештајот и ќе ја изнесе оценката на Србија за актуелната...
Павлопулос: Прво уставна ревизија, па потоа членство во НАТО и ЕУ за Македонија
За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се уставна ревизија и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во неговото обраќање откако беше прогласен за почесен граѓанин на општина Пеонија.
- Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ. Прво, претходна ревизија на...
Петковски реизбран за претседател на НСДП
Тито Петковски денеска повторно е избран за претседател на Новата социјалдемократска партија (НСДП).
На четвртиот редовен партиски конгрес, покрај претседател на партијата беа избрани и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.
Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во...
Заврши воената вежба „Шќипоња 6“ во Косово
Во Косово заврши воената вежба „Шќипоња 6“ (орел 6) што ја организираа косовските безбедносни сили со учество на армиите на други шест држави.
Воените маневри беа реализирани во Кастриот (Брезница), Батлава и Колиќ.
На меѓународната воена вежба учествуваа 1.167 припадници и 147 возила, на косовските безбедносни сили, Националната гарда на Ајова-САД, Велика Британија, Македонија, Хрватска,Турција и Албанија, како и единица на...
Петковски: Грците се одлични трговци и уште подобри преговарачи
Во присуство на 500 делегати Новата социјалдемократска партија денеска во Скопје го одржува Четвртиот редовен конгрес, на кој покрај претседател на партијата ќе се избираат и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.
Лидерот на партијата Тито Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори...
ГДУ предлага намалување на бројот на пратеници и укинување на патните трошоци
Граѓанско демократска унија (ГДУ) предлага намалување на бројот на пратеници и укинување, како што пишува во денешното соопштение, на безобразните патни трошоци околу кои сите се „братски” обединети.
Според ГДУ, Уставот вели дека бројот на пратениците е од 100 до 120, што дава можност и во овој момент да се намали бројот на идниот собраниски состав, без притоа да има...
Разоткриен „крвавиот прирачник“ што лажно ги оправдува ѕверствата на Исламската држава
Џихадистичкиот прирачник на Исламската држава (ИД) првпат е претставен во јавноста, во детална анализа на текстот од 579 страници, пренесува британски „Гардијан“.
Текстот, напишан од идеологот на терористичката организација Абу Абдула ал-Мухаџир, се обидува да ги оправда варварските чинови на џихадистите, вкучувајќи ги трговијата со човечки органи, обезглавувањата на противниците, убиствата на цивилите и терористичките акции ширум светот.
Анти-екстремистичката група „Квилијам“ помина...
Почнаа подготовките за изградба на автопатот од Скопје кон ГП Блаце
Вицепремиерот Бујар Османи ги поздрави напорите од Косово за завршување на автопатот од 55 километри што води кон граничниот премин Блаце со Република Македонија и соопшти дека се почнати подготвителните работи за проектирање и реализација и на нашиот дел од автопатот, од Скопје кон ГП Блаце во должина од 13 километри.
Во видеообраќање од автопатот во изградба во Косово, во...







































