Икарди: Си одам, ако не сум потребен во Интер
Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, призна дека неговата иднина во клубот е доведена во прашање.
- На крајот од сезоната ќе разговарам со раководството. Ако е добро за тимот да останам, тогаш ќе останам. Во спротивно ќе си барам нов клуб. Секогаш го правам она што е најдоброто за тимот иза клубот - истакна Икарди.
Капитенот на Интер не губи надеж...
Новите полимерни пари од утре во промет
Се повлекуваат книжните 10-ки и 50-ки од промет. Утре граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност или монетите.
Книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки. По овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија.
Во Македонија првпат се воведуваат полимерни банкноти. Македонскиот денар ќе...
Нови рочишта за „Тенк“, „Тендери“ и за „Тотал“ во Кривичен
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“.
На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови на обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката...
Волчица пронајдена на белградските улици
Во Белград синоќа е фатена европска сива волчица. Се уште не е познато од каде дошла и како завршила на белградските улици, но веројатно тоа ќе го потврди истрагата на српското Министерство за внатрешни работи.
Волчицата не покажала агресивност. Според првичните проценки таа е во одлична здравствена состојба.
Сместена е во зоолошката градина во Белград.
Помошникот Руи Фарија го напушта Мурињо по 17 години
Манчестер Јунајтед соопшти дека долгогодишниот асистент на тренерот Жозе Мурињо, Руи Фарија, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.
Фарија соработуваше со Мурињо од 2001 година и во изминатите 17 години со различни клубови освоија 25 трофеи.
- По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам во друг правец. Имам зад себе 17 прекрасни години...
Бекам разочаран од синовите
Поранешниот британски фудбалер, Дејвид Бекам, призна дека тројцата синови го разочарале, бидејќи ниту еден од нив не сака професионално да се занимава со фудбал.
Бруклин, Ромео и Круз иако како деца тренираа во школата на фудбалскиот клуб Арсенал, кога малку пораснаа сфатија дека фудбалот не ги интересира.
Меѓутоа, поранешната фудбалска ѕвезда истакнува дека се радува што неговата ќерка Харпер обожава фудбал...
Помпео: Приватниот сектор на САД е подготвен за инвестиции во Северна Кореја
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека ако Пјонгјанг прифати целосно да ја укине неговата нуклеарна програма, тогаш САД ќе му дозволат на американскиот приватен сектор да инвестира во Северна Кореја.
- Американскиот приватен сектор ќе отиде да помогне во изградба на енергетска мрежа на Северна Кореја оти и е потребна огромна количина електрична енергија, посочи Помпео.
Тој додаде дека...
Делови од Аеродром и Кисела Вода утре без струја
Заради извршување потребни интервенции во електросистемот, без струја утре, во периодот од 14 до завршување на интервенцијата, ќе бидат корисниците на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром.
Од РЦУК информираат и дека без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците на бул. „Борис Трајковски“ (над Канапе Мебел), како и ул. „1520“ во општина Кисела Вода.
Болтон: Можни се санкции за европските компании кои соработуваат со Иран
Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон изјави денеска дека можно е да бидат воведени санкции за европските компании кои ќе продолжат да соработуваат со Иран, по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Техеран.
- Тоа е можно. Зависи од однесувањето на другите Влади - нагласи Болтон.
Американските медиуми јавија дека, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД...
Продолженијата пак ги оставија вардарки без посакуваниот трофеј
Ракометарките на Вардар не успеаја да го освојат посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите (ЛШ), откако загубија од актуелниот првак Ѓер со 26-27 по продолженија (20-20 по 60 минути игра), во неизвесното финале на фајналфор-турнирот, одиграно попладнево во Будимпешта. Андреа Чанаџија имаше удар за израмнување на резултатот во последниот напад, но противничката голманка Ева Киш го одбрани нејзиниот обид...








































