Попладне локален пороен дожд

Попладне и кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во крајните западни и југоисточни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, што попладне на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд....

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на „Св. Кирил“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со делегација на владини претставници како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, на 24 и 25 мај ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Како што соопшти владината прес служба, на 24 мај, премиерот...

Младите си одат зашто немаат работа и можности за напредување

Надвор од Македонија живеат и работат повеќе од 29 отсто високобразовани поединци, а вкупниот број на иселеници изнесува 21 отсто, покажуваат последните податоци од Светска банка. Истражувањата покажуваат дека фактори за „одливот на мозоци“ се ниските плати, недостиг на можности за соодветна напредна обука и развој на кариерата, тешкотии да се стане целосно квалификувана академски и кредибилна личност, недостиг...

Театарот за деца и младинци ги намалува цените на билетите

Цената на билетите за Театарот за деца и младинци се намалуваат од 200 на 150 денари. Посетителите билетите со намалена цена ќе можат да ги купуваат во периодот од 15 мај до 10 јуни. - Со цел уште поголема радост на децата, како и продолжување на уживањето на останатата публика, цената на билетите во Театарот за деца и младинци во периодот...

ФОТО: Храбра мајка уби натрапник и добри орден на храброст

Мајка којашто го чекала своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник кој со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители. Жената херој, по име Катја да Силва Састре, била полицајка која во тој момент не била на должност. Кога напаѓачот и се доближил, таа го извадила својот службен пиштол и пукала трипати во него. Напаѓачот е...

Конкурс за наградата за ликовна критика

Здружението на ликовните критичари АИКА-Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во Македонија. Наградата има цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. - Недостигот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко...

„Скопје синема сити“ во чест на јапонскиот композитор Руичи Сакамото

Во изминатите години фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви, Леонард Коен и на „Крафтверк“, а оваа година ќе му оддаде почит на големиот јапонски филмски композитор Руичи Сакамото, преку прикажување на филмот „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле Од 6 до 10 јуни во Кинотеката на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот „Скопје синема сити“ (ССС)....

Прилепската болница доби 44 болнички кревети и медицинска опрема

Прилепската болница „Борка Талески“ доби вкупно 44 електрични болнички кревети и дополнителна медицинска опрема, во рамки на хуманитарната донација од меѓународните организации „Пламен на Мирот“ од Виена, Суверен болнички ред "Св. Јован од Ерусалим", Ротари клубот „Прилеп“ од Прилеп и Лајонс клубот „Вардар“ од Скопје. Донацијата е вредна околу 40 илјади евра. -Кревети недостасуваат секогаш и затоа оваа донација е...

Вокално и визуелно прифатлива изведба на „Боеми“

Товарот што завчера го понесоа нашите солисти на својот грб секако беше неподносливо тежок, зошто за сигурен и неоптоварен настап треба искуство, а искуството го носат честите настапи на сцена и пеењето главни ролји во музичко-сценските дела што се изведуваат на нашата сцена Голем дел од солистичката екипа што ја чувме завчера, на отворањето на „Мајски оперски вечери“, настапи и...

Скопје напуштен град

Ако по уреденоста на центарот на главниот град на една држава се гледа среденоста на државата, тогаш нашата држава е напуштена држава. Нови штотуку почнати објекти на центарот на градот, покриени со веќе распарталени (текстилни) платна, се веат и го „красат“ нaшиот центар на градот. Веќе сме во почетокот на туристичката сезона и, како што е нашиот стар обичај,...