Хан за Дојче Веле: Во Софија шест нови иницијативи за Западен Балкан
На Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија, Брисел претставува шест нови иницијативи кои би требало да помогнат во трансформација на регионот, негова подобра поврзаност и околу помирувањето, објави денеска Дојче Веле.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, како што се наведува, најавува нови поттикнувања за шестте земји на Западен Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон ЕУ.
Брисел планира...
Историја на нуклеарната програма на Иран
Шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и на Британија се сретнаа во Брисел, каде што дискутираа за наоѓање начин за спасување на иранскиот нуклеарен договор, откако американскиот претседател Доналд Трамп го напушти договорот. По средбата, следуваа разговори со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, кои се дел од интензивните дипломатски напори за поддршка на договорот. Германската канцеларка...
Во стан откриени кокаин и марихуана, приведени се две лица
Скопјанецот И.А (31) и жителката на Рустуше З.Р (34) синоќа се приведени од страна на гостиварската полиција, откако по претрес на изнајмен стан во Гостивар, каде престојувале, се пронајдени кокаин и марихуана.
Според СВР Тетово, вчера со судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес во стан на улицата „Беличица“, сопственост на С.С. (57) од...
Ким Јонг-ун сака да ја избегне судбината на Гадафи
Северна Кореја се закани со откажување на претстојниот историски самит на лидерот Ким Јонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп, поради воените вежби во Јужна Кореја. И покрај убедувањето на Пентагон дека маневрите се рутински и исклучиво одбранбени, Пјонгјанг во знак на протест веќе ги откажа денешните преговори на високо ниво со јужнокорејски претставници. Северна Кореја ги смета за закана...
Среда, 23 мај неработен ден за Власите
Среда, 23 мај 2018 година, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството им го честита Националниот ден на Власите на граѓаните припадници на влашката заедница.
Сопственик на ресторан ги „наоружал“ гостите со пиштоли на вода поради досадните галеби
Лути на галебите кои им досадуваат на гостите, сопственикот и вработените во ресторан во австралискиот град Перт ги вооружале своите гости со пиштоли на вода, за да ги избркаат птиците.
Тоби Еванс, сопственик на ресторанот, рече дека галебите им претставуваат голем проблем бидејќи толку се агресивни, што ги бркаат гостите.
- Многу е лошо. Мислам дека ова е тој период...
Цените на нафтата растат
Цените на сировата нафта продолжуваат да растат, а утрово достигнале 80 долари за барел, што е наголемо ниво од ноември 2014 година.
Растот е условен со помала испорака, а голема потрошувачка.
Аналитичарите проценуваат дека растот ќе продолжи поради неповолните геополитички движења и намалување на производството во САД. Американската банка „Морган Стенли“ најавува дека до 2020 година барел нафта ќе биде 90...
Протестите на Бит-пазар пет дена ги револтираат граѓаните
Петти ден по ред дваесетина продавачи, кои протестираат за да се вратат и да продаваат на диво по тротоарите на Бит-пазар, го блокираат сообраќајот во половина град. По секој работен ден скопјани, било со автомобил или со градски автобус, мора да кружат за да стигнат до дома, само затоа што не можат да поминат по блокираниот булевар Крсте Мисирков....
Хан оптимист за постигнување решение од дијалогот Белград-Приштина
Европскиот комесар за преговори за проширување на ЕУ, Јоахнес Хан денеска во Софија изјави дека е оптимист кога станува збор за поттикнување решение од дијалогот Белград- Приштина.
- Јас сум секогаш оптимист. Новата стратегија јасно нагласува дека постои песпектива за се. Тоа значи дека и во интерес на Косово е да работи на решение за правно обрзувачки договор- изјави Хан...






































