Мицкоски и Заев на прв ТВ дуел на МТВ

Првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе се емитува утревечер на МТВ во 20 часот.  ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од...

Имињата на новите министри денеска во парламентот

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека денеска до парламентот ќе ги достави имињата на новите министри во Владата. - Реконструкцијата ќе ја предложам утре, затоа што поради денешната пресуда не знаев дали ќе има цела влада. Подготвен сум. Имињата се утврдени и биографиите на новите министри и заменик-министри утре наутро ќе бидат процесирани до Собранието, со надеж дека до крајот...

Бригадниот генерал Павле Арсоски нов командант на Здружената Оперативна Команда

Бригадниот генерал Павле Арсоски на денешната воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ја презема должноста командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК). Досегашниот командант генерал мајор Зоран Милески, кој раководеше со оваа команда од декември 2016 година, му го предаде командувањето на бригаден генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ЗОК. На свеченоста присуствуваа заменик...

Администрацијата мора да се реорганизира

Сеопфатна и долготрајна реформа со вклученост на сите страни во нејзиното креирање и доаѓање до ефикасна јавна администрација, беше пораката од вчерашната дебата „Зошто ни се потребни измени на Законот за административни службеници и на Законот за вработени во јавниот сектор“. Што ја организира Синдикатот на УПОЗ. - Реорганизација на јавната администрација мора да има и ние работиме на тоа....

Нелојалната конкуренција го задушува туризмот

Загуба трпат хотелите и сместувачките капацитети што се легално пријавени, државата, која не си ги прибира средствата од такси за престој и гостите, кои се подложни на секакво сместување во супстандардни услови Постојат голем број неевидентирани, нестандардизирани, некатегоризирани и неконтролирани сместувачки капацитети во Македонија и потребно е инспекциските органи да се ангажираат повеќе и да извршат контрола. Прашањето е како...

Четиригодишно дете тешко повредено на булевар „Борис Трајковски“

Четиригодишно дете е тешко повредено синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје откако во него удрило патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (59) од Скопје. Од ударот, како што соопшти МВР, момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ –Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Тешка сообраќајка на патот Миладиновци – Кадино, загинаа маж и жена

Две лица загинаа кога џип излетал од патот Миладиновци-Кадино и се превртел во одводен канал. Како што соопшти полицијата, во несреќата загинале маж и жена. Според истиот извор, вчера во периодот од 01:00 до 06:00 часот на локалниот пат село Миладиновци-село Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од село Долно Лисиче, излегло надвор од...

Мноштво реакции по обелоденување на одредницата „Илинденска“

Според правните експерти, преговорите за името се беспредметни и тие не се придржуваат кон принципите на меѓународното право И по неколку дена од објавата на новиот предлог околу наметнатиот спор со името и во Скопје и во Атина се бара излез од оваа новонастанатата ситуација, која предизвика силен одек кај јавноста и во двете земји. Грчката влада индиректно, а грчките...

Македонски готвач ќе подготвува македонски специјалитети во Брисел

Македонскиот готвач Дејан Карапеев, за Македонската вечер во ресторанот „Чез аугуста“ во Брисел, ќе подготви македонски специјалитети. Ролат од суви везени пиперки, варен кромид со сос од вински оцет, колач од лутеница, полент модар патлиџан со гравче и јагнешка коленица, сладолед од кадаиф, вака отприлика ќе изгледа неговото мени. Македонската вечер ќе се одржи во рамки на „Тера Мадре Балкан“, како дел од т.н. „Брисел ќе...

Се бара некомпромитиран експерт

Сите политички партии се согласиле дека критериумите за директор треба да бидат многу строги, не само во однос на политичката независност, туку и од аспект на потенцијалот на кандидатот, но и за формата, процедурата и за начинот на кој ќе се избира директорот. Пратениците веруваат дека изборот на директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА) ќе овозможи Македонија да зачекори по...