Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција
Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и источен Медитеран, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
- Нашиот денешен состанок покажа дека додека нашите односи минуваат низ тешки времиња, во областите во кои соработуваме, соработуваме добро - рече Туск...
Сомнителни пакети испратени до владини и воени објекти близу Вашингтон
Сомнителни пакети се испратени до шест владини и воени објекти во близина на американската престолнина Вашингтон.
ФБИ и американската војска соопштија дека проверуваат шест сомнителни пакети, кои содржеле експлозивни компоненти, јави телевизијата Ен-Би-Си.
Сите пакети биле испратени по пошта на адреси на воени и разузнавачки објекти во реонот на Вашингтон.
- Пратките ги зеде ФБИ заради анализа, објави на Твитер американското Федерално...
Виена – следен чекор кон решение за името
Оваа недела се очекува да биде клучна за можно поместување во преговорите за решавање на проблемот со името, со најавената средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои на средба во Виена во петок, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц, ќе се обидат да ги најдат допирните точки на двете...
Поднесени две кандидатури за домаќинство за СП 2026
Во ФИФА пристигнале две целосни кандидатури за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година, соопшти Светската куќа на фудбалот.
Заедничка организација пријавија САД, Канада и Мексико, а самостоен домаќин сака да биде Мароко.
Домаќинот на СП 2026 ќе биде познат на Конгресот на ФИФА закажан за 13 јуни во Москва, еден ден пред почетокот на СП 2018.
Мароко пријави 12 стадиони на...
Ѓуриќ депортиран во Србија, Српска листа излегува од косовската влада
Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ синоќа беше депортиран во Србија, каде во Куршумлија му е укажана лекарска помош.
По разговорот на претседтелот Александар Вучиќ, со рускиот претседател Владимир Путин и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини се огласи и Брисел со осуда за случувања и порака до властите на Косово и на Србија, за...
Одбележување на Светскиот ден на театарот
На иницијатива на Интернационалниот театарски институт-ИТИ на УНЕСКО во театрите низ светот денеска се прославува Светскиот ден на театарот и пред почетокот на претставите се читаат пораките - национална и светска порака, напишани од актери, драмски автори, режисери, продуценти.
Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од...
Нови судски рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „Таргет-Тврдина“ и „Насилство во општина Центар“.
Во предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за...
Курц : ЕУ треба да ги прекине преговорите со Турција
Австрискиот канцелар Себастијан Курц го повтори ставот дека Европската унија треба да ги прекине пристапните преговори со Анкара.
- Критериумите за пристап повеќе не се исполнети, па затоа пристапните преговори со Турција мора да бидат суспендирани - рече Курц за германскиот весник „Велт“.
Тој нагласи дека, од таа причина, треба повторно да се размисли за финансиската пристапна помош, која беше предвидена...
Овошните сокови со шеќер во големи количини се штетни за срцето
Овошните сокови што содржат додаден шеќер во големи количини се опасни за срцето и значително го зголемуваат ризикот од други заболувања, тврди една американска студија.
Научниците кои следеле 18 илјади испитаници во текот на шест години, резултатите од своето истражување го претставија на конференцијата на Американското кардиолошко здружение.
Тие констатирале дека кај оние, кои пијат повеќе од 6,8 децилитри напитоци со...
Варуфакис формира политичка партија
Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис формираше политичка партија Европски реалистичен фронт за непослушност (МеРА25), која ќе се бори против мерките за штедење, а на наредните парламентарни избори и против владејачката СИРИЗА.
Варуфакис (56) беше првиот министер за финансии во левичарската влада на Алексис Ципрас, но на таа функција остана само шест месеци во 2015 година. Се разиде со...








































