Ноќеска во 00:50 часот во село Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од селото Бојане поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, соопшти полицијата.
Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на село Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.
По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



































