Пицула: Ако се затресе Балканот ќе се тресе и Европа
Европратеникот и поранешен хрватски министер за надворешни работи Тонино Пицула предупредува дека мирот стабилноста и иднината на Европа зависат од состојбата на Западен Балкан, нагласувајќи дека балканскиот регион е многу чувствителен и нестабилен и доколку се затресе, ќе се тресе и цела Европа.
Во авторски текст за „Еуропиен Вестерн Балкан“, Пицула нагласува дека не смее да се дозволи Балканот одново...
ФИФА воведува навивачка легитимација, без која билетот за СП е безвреден
Љубителите на фудбалот кои ќе сакаат да го следат Светското првенство (СП) во Русија налето, нема да можат да влезат на стадион со купен билет, доколку не поседуваат навивачка легитимација, која ФИФА ја воведува како новитет за претстојниот Мундијал, пренесуваат британските медиуми.
Станува збор за документ кој ќе ги содржи фотографијата и основните податоци на сопственикот, а кој ќе се...
Москва адекватно ќе му одговори на Западот
Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и повеќе западни земји за протерувањето руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори на САД и на ЕУ, кои ги видовме - рече Захарова.
Во координираната акција на западните земји, поради случајот Скрипал, досега е најавено дека САД...
Спировски: Претседателот е должен да го потпише указот
Во Уставот постои безусловна еднозначна одредба која го задолжува претседателот на Републиката во ситуации кога законот по втор пат е донесен со апсолутно мнозинство, со над 61 глас, дека е должен да го потпише указот за негово прогласување. Таа одредба не поставува никакви основи, услови претседателот да ги проценува. Напросто, тој е должен тоа да го направи, изјави денеска...
Сметководителка од Охрид си префрлала пари на своја сметка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „проневера во службата“ и „фалсификување на службена исправа“, со кои на четири правни субјекти им нанела вкупна материјална штета од 4.591.611 денари.
Како што соопшти МВР, Б.Н. во периодот од 2011 до 2017 година, како сметководителка во сметководствено...
Нова кривична пријава за Владимир Талески
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против В.Т (59) поранешен градоначалник на Општина Битола, С.Б (59) раководител на финансии и претседател на комисија за јавни набавки, М.К (66) правник во Општина Битола и член на комисијата за јавни набавки и С.П (55) советник за образование во Општина Битола и член на комисијата...
Нов Зеланд би ги протерал руските шпиони, но не може да ги пронајде
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и министерот за надворешни работи Винстон Питерс порачаа дека би протерале руски шпиони од државата, кога би успеале да ги пронајдат, пренесуваат британските медиуми.
Повеќе од 100 руски дипломати беа протерани од западните држави под сомнение дека се шпиони, по обвиненијата на Лондон за вмешаност на Русија во труењето на поранешниот руски агент Сергеј...
Турската армија елиминира 11 курдски борци
Турската армија уби 11 курдски војници во турскиот пограничен округ Хатај.
- Припадници на турските безбедносни сили, со поддршка од воздух, отворија оган и ги убија борците кои беа забележани во реонот на Арсуз, округ Хатај. Армијата оценува дека групата извршила неколку напади во округот, минатата година - се посочува во соопштението на локалната власт.
Во меѓувреме, турската армија соопшти дека...
Крадци од црква украле ѕвоно тешко половина тон
Бронзено ѕвоно тешко 500 килограми, било украдено од црквата Света Инес во градот Кумана, во Венецуела.
- Непознати лица влегле во црквата Света Инес, во самиот центар на главниот град на државата Сукре на североистокот од земјата и украле ѕвоно - се вели во обвинението.
Црквата, која била прогласена за национален споменик, изградена е помеѓу 1862 и 1866 година на темелите...
Ќе се отстрануваат дивите тезги на Бит-пазар и Старата чаршија
Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци во Република Македонија преземаа обврска пред граѓаните да ги ослободат улиците и тротоарите со цел нормалното одвивање на сообраќајот.
Во непосредна близина на Бит-пазар предвидено е поставување на нова такси станица, дрвореди, уредување на зелени површини и заштитни столпчиња за тротоарите од двете...








































