Одбиено барањето за изземање на судечкиот совет за „Траекторија“

Рочиштето за предметот „Траекторија“ на СЈО попладнево продолжи откако судијата Горан Бошевски соопшти дека е одбиено како неосновано барањето на одбраната за изземање на судечкиот совет и судиите поротници. Реагираше адвокатот Еленко Миланов оценувајќи дека одбивањето на барањето за изземање на судечкиот совет и отфрлањето на барањето за изземање на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и судии од Апелација...

Роднина на пациент нападнал лекар во Кочани

Дежурна лекарка во Општа болница – Кочани синоќа била нападната на работното место од страна на роднина на пациентка која била хоспитализирана во здравствената установа. Две други лица кои се нашле во близина успеале да го оттргнат напаѓачот и спречиле инцидент со посериозни последици. Во инцидентот лекарката се здобила со телесни повреди, а доживеала и психичка траума, поради што побарала...

Книжевна турнеја на Јагода Михајловска- Георгиева низ

Вчера во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, се одржа промоција на романите „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“ од познатата македонска писателка и новинарка Јагода Михајловска-Георгиева. Јагода Михајловска-Георгиева е добитничка на наградите за литература како што се „Рациново признание“, „Роман на годината“ и „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Нејзината плодна и...

САД се премислија околу воведувањето нови санкции кон Русија

Администрацијата на САД го одоложи воведувањето нови санкции кон Москва, откако американскиот претседател Доналд Трамп го стопира планот за дополнителни економски казнени мерки кон Русија, тврди „Вашингтон пост“. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли вчера во интревју за Си-Би-Ес најави дека САД ќе воведат нови санкции кон руски компании, додавајќи дека деталите за овие мерки дополнитечно во текот на денот...

Полошкиот регион со високи бројки на сообраќајна недисциплина

Одделението за анализа при СВР Тетово бележи 5.791 прекршок за три месеци во 2018 година кои полицајците ги констатирале како сообраќајна недисциплина на патиштата и улиците во Тетово, Гостивар и над сто рурални населени места. Од тие 3.924 се евидентирани во редовни, акциски и засилени контролни активности. -Откриените прекршоци заокружени се со 2109 прекршочни, 3682 мандатни платни налози и со...

Македонија и Косово ќе соработуваат во решавањето на еколошките предизвици

Проблемите со воздухот, водите и биодиверзитетот беа главните теми за кои денеска во Скопје разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговата колешка од Косово, Албена Решитај. - Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за...

Доаѓа славната пијанистка Валентина Лисица

На подиумот на Македонската филхармонија, овој четврток (19 април), во 20 часот, ќе застане една од најпознатите пијанистки на класичната музика денес, импресивната Валентина Лисица од Украина/САД. Славната пијанистка Валентина Лисица, која ја опишуваат како првата јутјуб-ѕвезда на класичната музика и првиот класичен уметник што својот успех на Интернет го претвори во глобална концертна кариера низ Европа, САД, Јужна...

Изложба на Фатон Мазреку во КИЦ

Изложба на слики на Фатон Мазреку ќе биде отворена во Културно-информативниот центар - Скопје, вечерва, во 20 часот. Фатон Мазреку (Малишево, Косово) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство, на Универзитетот во Приштина. Магистрирал во класата на проф. Агрон Битичи. Имал самостојна изложба во Галеријата на Министерството за култура во Приштина, а учествувал на групни изложби во Тетово,...

Нетранспарентноста влијае врз цената на инфраструктурните проекти

Инфраструктурните проекти нема да се одолговлекуават и за нив ќе нема дополнителни трошоци доколку при одлучувањето навреме се вклучи јавноста, порачаа учесниците на денешната регионална конференицја „Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес“. На конференцијата беа претставени примери на инфаструктурни проекти во државите од регионот без транспарентни постапки. Соња Ристеска, еден од авторите на студијата за инфраструктура...

Во Москва манифестација посветена на македонската култура

Во рамките на проектот „Читај ја Македонија!“, поддржан од Министерството за култура на РМ, во организација на Олга Панкина, на 19 април во Москва, во државната установа „Московски дом на националностите“, ќе биде одржана тркалезна маса, на која ќе учествуваат писатели, преведувачи, истражувачи на литературата, издавачи, професори и студенти што изучуваат словенски јазици. Во програмата е предвиден разговор на...