Ципрас: Прогресивните сили од двете земји ги надминаа разликите

Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од...

Маргинализираниот Матис следен на списокот за напуштање на Белата куќа

Џејмс Матис го зaгубил влијанието во администрацијата на Трамп и неговата иднина како секретар за одбрана на САД сега е во прашање, oбјави Гардијан повикувајќи се на изјави од поранешни административни функционери и аналитичари. Можната смена ги загрижува сојузниците „со кои работеше напорно за да ги разубеди во едностраните акции на Трамп и потценувајќи забелешки, ветувајќи солидарност и соработка", наведува...

САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија

Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција. Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот прогрес во одредени области. - Одлуката на Советот ги...

Во новиот Европски парламент ќе има 705 пратеници

Во следниот состав на Европскиот паламент што ќе биде избран во мај 2019 година ќе има 705 пратеници. Тоа ќе се случи поради напуштањето на ЕУ на Велика Британија. Во сегашниот состав на ЕП има 751 пратеник. Според новата согласност одобрена од лидерите на ЕУ, 27 места од 73 испразнети по Брегзит ќе бидат прераспределини на 14 држави земји–членки по...

Меј: Сакам договор за Брегзит кој ќе биде добар и за Велика Британија и за ЕУ

Британската премиерка Тереза Мај денеска изјави дека сака договор за Брегзит, кој ќе биде добар и за Обединетото Кралство и за Европската унија, вклучувајќи ја „силната и длабока" соработка за безбедноста. Во изјавата по завршувањето на преговорите помеѓу лидерите на ЕУ посветени главно на миграцијата, Меј рече дека сака да го забрза темпото на преговорите за Брегзит, откако Лондон ја...

Куклена претстава „Тоби“ и концерт вечер на „Скопско лето“

На „Скопско лето“ вечер од 19 часот е  изведбата на куклената претстава „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација  и режија на Драгослав Тодоровиќ од Белград. Претставата премиерно беше изведена во април, а по повод поставувањето режисерот Тодоровиќ изјави дека текстот е интересен за најмалите, но и за адолесцентите бидејќи тие се најнезадоволни...

Ново рочиште за „Топлик“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. На претходното рочиште обвинителите на СЈО ги причитаа 608-те материјални докази во врска со предметот. Судијата Осман Шабани го прекина рочиштето...

(Во живо) Заев – Столтенберг во Брисел во очекување на поканата за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска е во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Средбата се одржува на десеттина дена пред Самитот на Алијансата во Брисел од кој Македонија очекува да и биде упатена официјална покана за членство во НАТО. Заев пред денешната средба со Столтенберг изјави дека очекува да биде информиран дека на Самитот на Алијансата на...

Европскиот совет со поддршка за почеток на преговори со Македонија

Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.  Шефовите на држави и влади од државите од Европската уинија го подржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Макеоднија. Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи, се наведува во заклучоците од...

Од недела стабилизaција на времето

Времето во Македонија ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.  Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 28 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 6.  Во Скопје потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се...