Иран со нова стратегија во борбата против американските санкции

Иран ќе им дозволи на приватните компании да извезуваат нафта, како дел од стратегијата во борбата против американските санкции, изјави денеска иранскиот потпретседател Есках Џахангири. Иран бара начини да продолжи да извезува нафта, како и други мерки во борбата против санкциите, откако САД ги повикаа сојузниците да го прекинат увозот на иранска нафта од ноември годинава. Минатиот месец американскиот претседател Доналд...

Најмалку 18 лица загинаа во самоубиствен напад на пазар во Авганистан

Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени денеска во самоубиствен напад на пазар во авганистанскиот град Џалалабад, во провинцијата Нангархар, соопштија здравствените власти. Според некои западни медиуми, во нападот загинале 12 луѓе. - Некои од жртвите се припадници на малцинството Сики, кои се наоѓале во минибус, кој бил мета на нападот - изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Атаулах Хугијани,...

ЕУ ќе преговара со африканските земји за создавање мигрантски кампови

ЕУ ќе започне преговори со африканските земји околу прашањето дали се подготвени на создадат на своја територија т.н. регионални платформи за прифаќање на мигранти, изјави еврокомесарот за буџет Гунтер Јотингер. Тој за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакна дека еден европски договор за создавање на такви центри подразбира партнерска согласност со земјите од Северна Африка, кои се наоѓаат или директно на...

Рација на МВР во 7 угостителски објекти, утврдени нерегуларности

Акциска контрола во седум угостителски објекти во Скопје извршила синоќа полицијата од страна на СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, при што легитимирани се 21 и приведени се три лица. Контролата, како што информираат од МВР, е спроведена во временскиот период од 01:15 до 03:30 часот во...

Се реновира детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево

Започна реновирањето на најстарата и најголемата детска градинка во Кичево, „Олга Мицеска“. Градинката е отворена пред скоро половина век и според својот капацитет е најголема градинка во градот. Со реновирањето на овој објект ќе се подобрат условите за престој на децата, а секако и условите за работа на вработените, под чија грижа се наоѓаат 150 деца на возраст од 9...

Од Тутунски комбинат Прилеп доброволно ќе заминат 222 вработени

Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата. Според раководството на комбинатот, бројот на пријавени бил голем, а доброволното заминување од компанијата било спроведено во соработка со Синдикалната организација и било транспарентно. Со ова заврши и последната фаза на реорганизацијата на компанијата со што се очекува да се зголеми ефикасноста...

САД: Маж со нож ранил 9 лица во станбен комплекс за бегалци

Полицијата на американската сојузна држава Ајдахо соопшти дека девет лица се хоспитализирани, а 30-годишен маж бил уапсен по масовно прободување, најверојатно со нож, во станбен комплекс во градот Бојзи, каде што биле сместени многу бегалски семејства.  Локална телевизиска станица „7KTVB” јави дека централната улица на градот е блокирана во должина поголема од 1,6 километри и дека полицијата не знае што...

Каменос: За името не преговараме, кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата

За името не преговараме, ние имаме јасен мандат од народот и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, говорејќи на состанокот на националниот совет на партијата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, актуелниот министер за одбрана на Грција, го спомена слоганот на Независни Грци на...

Во Штип одбележани 105 години од Брегалничка битка

Во Штип денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица, каде што порано имало спомен костурница, а од пред неколку години спомен обележје. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија и организации. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски во...

Ќерката на нацистот Химлер била секретарка на разузнавачката служба

Гудрун Бурвиц, ќерка на шефот на нацистичките Заштитени одреди (СС) Хајнрих Химлер кратко работела во германската разузнавачка служба, по Втората светска војна, објави „Билд".  Германски весник, повикувајќи се на историчарот Бодо Хехелхамер, објави дека Бурвиц, која го носела презимето на нејзиниот сопруг, работела во германската разузнавачка служба БНД, како секретарка од 1961 до 1963 година. Се наведува дека тоа било во...