Русија на пенали преку Шпанија до четвртфиналето
Домаќинот Русија ја победи Шпанија на пенали во натпревар од осминафиналето на Светското фудбалско првенство и испрати дома уште еден фаворит.
Победникот на „Лужники“ во Москва беше решен по изведувањето на пенали, откако по основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1.
Јунак во победничкиот тим беше голманот Игор Акинфеев кој одбрани голем број удари на Шпанците, а во...
Секоe бебе во Албанија се раѓа со долг од три илјади евра
Независно од иницијативите на Владата, на премиерот Еди Рама, за намалување на нивото на јавниот долг тој и понатаму останува загрижувачка појава за економијата.
Експертите од оваа област тврдат сека Албанија е на списокот на проблематичните земји бидејќи долгот не се користи за стимулирање на економскиот раст туку „да се пополнат дупките во буџетските приходи“.
- Секој албански граѓани се раѓа...
Инцидент на протестот против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент
На протестот против Договорот за името од Преспа што вечерва се одржува пред грчкиот Парламент во Атина дојде до инцидент кога поголема група маскирани лица се судри со полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Маскираните лица ги нападнаа специјалците со пиротехнички материјали и разни предмети, а полицијата одговори со солзавец. Според првичните информации, приведено е едно лице.
За време на...
„Сандеј тајмс“: Британскиот кабинет тајно подготвува план за дејствување при смрт на кралицата
Членови на британскиот кабинет првпат направиле тајна подготовка за тоа како ќе дејствува Владата за време на 10-дневната национална жалост, која ќе биде прогласена кога кралицата Елизабета Втора ќе почине, пишува весникот „Сандеј тајмс“.
Дејвид Лидингтон, заменик на премиерката Тереза Меј, претседавал со седницата во четвртокот, на која учествувале британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид, лидерот и лорд-претседателот на...
Осумгодишно момче од Белгија се запишало на факултет
Осумгодишно момче од Белгија завршило средно училиште и наскоро ќе тргне на факултет.
Момчето Лоран Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за само 18 месеци го завршило шестгодишното образование и дипломата ја земало заедно со другите ученици, кои имаат 18 години.
Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на момчето е 145.
Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен...
Протест во Атина против Договорот од Преспа
Со слогани и паноа дека Македонија е грчка, со извици против владата и против Договорот за името од Преспа, со пораки до политичарите дека се предавници, Грци протестираат пред грчкиот парламент на новиот собир за „одбрана на името Македонија".
Како што јави дописничката на МИА од Атина, протестот не е масовен, затворени се неколку улици во делот околу грчкиот Парламент,...
На граничните премини Богородица и Дојран се чека по триесетина минути
На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...
Трамп: Санкции за европските компании кои тргуваат со Иран
САД ќе воведат санкции за европските компании кои тргуваат со Иран, предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
- Апсолутно, тоа е она што го правиме - истакна Трамп.
Тој, исто така, ја обвини Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) дека манипулира со светските нафтени пазари, барајќи веднаш да престане со тоа.
Освен тоа, Трамп во интервјуто...
Во Шведска стапува во сила закон со нова дефиниција за силување
Во Шведска денеска стапи во сила закон за согласност на сексуален контакт, со кој ќе се смета за принуда секој сексуален чин извршен без јасна согласност, дури и во случај да нема закана или појава на насилство.
Со законот се утврдува дека човекот е виновен за силување доколку извршил сексуален чин со друг човек, кој не учествувал слободно во тоа...
За да спасат жива глава возачи на албански министри бараат азил во Германија
Лидерот на албанските „Црвено црни“ и поранешен прв човек на Високиот совет за правда, Крешник Спахиу, на својот Фејсбук профил објави дека само во текот на денешниот ден во Германија пристигнале најмалку десет возачи на албански министри.
Веднаш по пристигнувањето побарале азил, со цел да си ги спасат животите.
- Во Берлин, само што пристигнаа 10 возачи на министри. Бараат азил...







































