Воз удри во автомобил кај Велес
Воз што сообраќал на релација Скопје-Битола утрово удрил во автомобил кај Велес. Повредени нема, железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин.
Несреќата се случила утрово во 7 часот и 50 минути. Возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола на необезбедениот премин кај велешка „Порцеланка“ удрил во задниот дел од автомобил. Во несреќата повредени нема.
Како што информираат од Железничката...
Рускиот роман „Лав Толстој: Бегство од рајот“ преведен на македонски
Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Лав Толстој: Бегство од рајот“ од рускиот писател Павел Басински, кој во 2010 година ја доби руската книжевна награда „Бољшаја книга“ (Голема книга).
Книгата е за последните денови на Лав Николаевич Толстој, кој пред повеќе од еден век, на 82 години, тајно ноќе побегнал од својот дом во Јасна Полјана во непознат правец.
- Многу...
Прагнананда стана втор најмлад шаховски велемајстор во историјата
Индиското шаховско чудо од дете, Рамешбабу Прагнананда (рејтинг 2.529), со 12 години, 10 месеци и 13 дена стана вториот најмлад велемајстор во шаховската историја
На само 12 години, 10 месеци и 13 дена, индиското шаховско чудо од дете, Рамешбабу Прагнананда (2.529) стана вториот најмлад велемајстор (ВМ) во шаховската историја. Тој на 23 јуни ја освои својата трета велемајсторска норма на...
Јашари со историска бронза на кадетското ЕП
Македонскиот џудист Хамза Јашари, член на клубот Миоки од Скопје, го освои првиот медал за Македонија на Европското првенства (ЕП) за кадети, кое викендов се одржа во Сараево. Со пет победи и еден пораз Јашари стигна до бронзениот медал во категоријата до 66 кг, што наедно претставува и прв медал за Македонија во таа категорија од ЕП.
- Со својата...
Италијанците најуспешни на ЕП во планинско трчање
На падините на Водно вчера се одржа 17-то Европско првенство (ЕП) во планинско трчање, на кое во организација на Атлетската федерација на Македонија (АФМ), настапија вкупно 255 атлетичари и атлетичарки од 29 европски држави. Настанот почна со женската трка за натпреварувачки до 20 години, во која од вкупно 44 атлетичарки, три беа од Македонија (Хајрие Азири, Елена Лазароска и...
Завршни зборови за нападот врз Села
На денешното рочиште во Кривичниот суд за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на настаните во Собранието на 27 април минатата година, обвинителот Дарко Јакимовски и адвокатите на обвинетите треба да ги дадат завршните зборови.
На последното рочиште на Стојан Павлевски му беше изречени казна затвор од три години, а на Цејо Георгиевски една година и два месеци. Во казната на...
Ракометарките беа на чекор до бронзата
Во борба за третото место Македонија минимално загуби од Словенија со 29-30. Лука Заложник осми на коњичките натпревари, а Дарио Ивановски 10-ти во атлетската трка на 1.500 метри
Зоран Михајлов
специјално од Тарагона за „Нова Македонија“
Од завршните настапи на македонските репрезентативци на Медитеранските игри (МИ) во Тарагона, Шпанија, може да бидеме задоволни, освен што остана тагата за неосвоениот бронзен медал на...
Дел од Демир Капија без вода до околу 14 часот
Дел од Демир Капија денеска е без вода за пиење до околу 14 часот, поради голем дефект на главната водоводна мрежа.
Без водоснабдување утрово од осум часот се жителите од улиците „8-ми Март” и „Питу Гули”.
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Бошава”, Петар Јованов изјави дека интензивно се работи на терен и се очекува проблемот да биде надминат најбрзо што може...







































