Кил е првата пречка на Вардар на патот кон Келн
Вардарци имаат амбиција да станат првиот тим што ќе ја одбрани титулата европски првак, а Кил ќе се обиде по четврти пат да стане шампион
Ракометарите на европскиот и македонски шампион Вардар, утре (17 ч., пренос на МТВ), во арената „Шпаркасе“ во Кил, ќе го одиграат првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) со германскиот гигант, првата пречка на...
Ако Приштина ја усвои платформата, Белград повеќе нема да седи на маса?
Ако Собранието во Приштина ја усвои платформата на власта, во која се предвидува разговорите со Белград да завршат со меѓусебно признавање и се спомнува столот во ОН, српската страна тоа ќе го третира како еднострано прекинување на дијалогот и „повеќе нема да седи на маса", пишуваат „Новости“, повикувајќи се на свои извори.
- Белград не сака да влезе подлабоко во...
Потписници на Конвенцијата за хемиски оружја од 1993-та
Западот ја бомбардираше Сирија како одговор на наводниот хемиски напад во Дума. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „има доказ“ дека сириската влада го нападнала градот со хемиско оружје, додека американската амбасадорка во ОН Ники Хејли рече дека постојат „доволно докази“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека нападот е „исцениран од странски агенти“, нагласувајќи дека тој...
По трагите на вистината за наводниот хемиски напад во Дума
Британскиот новинар Роберт Фиск ја посети болницата во Дума, во која беше направена снимка со жртви на хемиски напад. САД, Британија и Франција решија да ја бомбардираат Сирија како одговор за наводниот хемиски напад што го извршил Асад. Лекар од болницата на Фиск му тврди дека снимката е автентична, но дека лицата не се жртви на хемиско оружје
Роберт Фиск
Ова...
Сириската агонија се решава со дипломатија, а не со ракети
Британската влада, наместо да пропагира воздржаност во сириската криза, се вклучи во една непромислена и легално сомнителна воена интервенција
Џереми Корбин
Ова се сериозни времиња. По ракетниот напад на Сирија, сега е моментот за силни залагања за мир. Безгрижното прифаќање на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон дека конфликтот ќе продолжи во актуелната насока и дека мировните преговори само би биле...
Северна Кореја ги прекинува нуклеарните и ракетните тестови
Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети со долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.
Севернокорејските медиуми јавија дека прекинот на тестовите започува во сабота.
Северна Кореја одлучила да направи ваков потег со цел одржување на „националниот фокус" и да ја подобри економијата.
Најавата за прекин на нуклеарните и ракетните тестови се случува...
Трамп не е над законот
Претседателот на САД се заканува дека ќе ги отпушти обвинителите што ја истражуваат руската афера. Ако го стори тоа, тогаш ќе удри по темелите на државата и ќе покаже дека сака да се стави над законот. Ако тргне против истражителите, тогаш Конгресот треба да ги брани владеењето на правото и уставниот поредок на САД, се вели во уреднички коментар...
Демократската партија ги тужи Русија, Трамп и „Викиликс“ за заговор
Американската Демократска партија поднесе тужба против Русија, изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и „Викиликс“ за заговор со намера попречување на претседателските избори во САД во 2016 година.
Демократите, во тужбата поднесена до Федералниот суд во Менхетн, наведуваат дека високи официјални лица од кампањата на Трамп направиле заговор со Владата на Русија и нејзината воена разузнавачка агенција, со цел да...
Шпенд Маџунин нов косовски прв разузнавач
На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни.
Маџуни, досегашен генерален директор на косовската полиција, доаѓа на местото на Дритон Гаши, кој поднесе оставка на барање на Хараднај, по случајот со апсењето и депортацијата на шестмината турски државјани во Турција.
Тие беа депортирани...






































