За власта со договорот за името сме признати во светот, за опозицијата капитулантски чин
Повторното гласање на законот за ратификација на Договорот за спорот за името во Собранието најавено за вo четврток, е следниот клучен чекор за негова примена. Гласањето следи по неодамнешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, да не го потпише Указот за прогласување на законот.
По првото гласање во Собранието на 20 минатиот месец кога „за“ ратификација на Договорот гласаа 69 пратеници,...
Рочишта за „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“
Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“ се закажани за денеска во Кривичниот суд.
Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, поради ризична бременост.
Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата на која требаше да почне изнесувањето на доказите.
Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер...
Топло време, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне сончево со слаб ветер од променлив правец. Попладне со локален пороен...
Бунтовниците во јужна Сирија поделени околу договорот со властите и Москва
Бунтовниците во јужна Сирија не се едногласни во врска со договорот со Москва, со кој тие практично треба да капитулираат.
Преговорите со претставници на бунтовничките групи во провинцијата Дера во последните денови им овозможија на властите во Дамаск да ја преземат контролата врз 60 проценти од територијата на областа.
Сепак, цивилни претставници на опозицијата порачаа дека се повлекуваат од разговорите. Во...
Талат Џафери на Атлантска конференција во Хрватска
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска и утре во Шипан, Хрватска, ќе учествува на Конференција организирана од страна на Атлантскиот Сојуз на Хрватска и Фондацијата Ханс-Сајдел Штифтунг, во соработка со Институтот за развој и Меѓународни односи (ИРМО).
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери, во рамки на Конференцијата, ќе одржи предавање на тема „Современите предизвици на Трансатлантскиот безбедносен...
Албанија ја напуштиле 2.500 медицински сестри за шест месеци
Во последните две години албанските бели мантили масовно ја напуштаат земјата и главно заминуваат во Германија. Друштвото на медицински сестри изнесува алармантни бројки за бројот медицински сестри кои веќе ја напуштиле земјата и оние кои чекаат да заминат.
- Само во периодот јануари-јуни годинава во Германија заминаа околу 2.500 медицински сестри. Исто така, имаме информации дека околу 2.000 други веќе...
Исчезнатите тајландски момчиња пронајдени живи по девет дена
По деветдневна потрагата пронајдени се живи 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои беа исчезнати во поплавена пештера во Тајланд.
Локалните власти соопштија дека 13-темината се спасени по обемната спасувачка операција во пештерата Там Луанг во областа Чијанг Раи.
Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, откако по обилните дождови нивото на...
Ураганот Фабио формиран крај брегот на Мексико
На мексиканскиот брег на Пацификот денеска се формирал нов ураган Фабио, но метеоролозите најавуваат дека веројатно ќе премине во голема бура која, како што се очекува, нема да претставува закана за граѓаните.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот Фабио бил со ветар од 120 километри на час.
Центарот на ураганот е 1.125 километри јужно од јужниот врв на полуостровот...
ЕК: Поддршка на квалитетното новинарство во борбата против лажните вести
Во согласност со предлог на Европската комисија, до крајот на јули би требало да биде подготвен и на онлајн платформите и социјалните мрежи да им биде претставен Кодекс за пракса за борба против дезинформациите, како начин за борба против лажните вести и манипулации со информациите.
Комисијата во исто време ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на...
Оспоруваниот Мартинез од виновник до херој во два потези
Селекторот Роберто Мартинез веројатно ќе беше означен како главен виновник за евентуалниот неуспех на Белгија на Светското првенство (СП), но токму шпанскиот фудбалски стратег ги спаси неговите избраници од пораз против Јапонија, водејќи ги до четврт-финалето на Мундијалот, по вечерашниот триумф со пресврт 3-2.
Азиската селекција изненадувачки стигна до предност од 2-0 во осминафиналниот дуел, со головите на Генки Харагучи...







































