Прегазен пешак во Прилеп, возачот избегал
Доцна синоќа во Прилеп патничко моторно возило удрило во четириесет и двегодишен пешак и избегал од местото на настанот. ОД МВР информираат дека настанот се случил во 23.30 часот на улица „Сотка Ѓорѓиески“.
-Патничко моторно возило непозната марка управувано од непознат возач удрило во пешакот А.П.(42) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото на настанот. По незгодата А.П. бил...
Каменос: Ратификацијата на Договорот од Преспа со 180 пратеници, со референдум или со избори
Грчкиот народ треба да одлучи за Договорот од Преспа, преку избори или референдум, во случај да не се ратификува со 180 пратеници во Парламентот, порача Панос Каменос, министер за одбрана на Грција, лидер на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вонредната прес-конференцијата во Министерството за одбрана, Каменос рече дека...
Крус Фрум е „чист“ и ќе вози на Тур де Франс
Светската антидопинг-агенција (ВАДА), која тесно соработуваше со УЦИ прифати дека Фрум не ги прекршил правилата по што нема никакви пречки тој да настапи и да се обиде петти пат да победи на трката околу Франција
Случајот со наводното допингување на Британецот Крис Фрум (33) на ланската трка Околу Шпанија (Вуелта) беше отфрлен од Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) што значи дека...
Меланија заработила сто илјади долари од нејзините фотографии
Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фото-агенцијата Гети, за објавување на нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз.
Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010. и 2016 година.
Доселеничка во САД од...
Дорегулација на 30-те секунди, пасивниот напад, прекршоците од голман…
За да се избегнат различните интерпретации и имплементации на дел од правилата на играта, Светската ракометна федерација (ИХФ) во пресрет на Светското првенство за јуниорки, во Унгарија, направи прецизирање на дел од правилата. Така, во случај да се повтори ситуација како на натпреварот Словенија - Германија на Европското првенство (ЕП) годинава, кога по видеоанализа беа досудени исклучување и пенал...
Можно е трофејно финале, но и некое дебитантско
Од 12-те репрезентации што до неделата останаа во игра за трофејот на СП 2018, пет во минатото играле во финален меч, уште три во полуфинале и во меч за бронзениот медал, а вкупно седум имаат шанса првпат да заиграат во натпревар за светската круна
По првите два дена од осминафиналето на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија се познати 12-те...
Преку „Сите сити“ 16.000 оброци за социјално загрозени граѓани
Преку системот за донирање вишок храна „Сите сити“ се донирани пет тона вишок храна или 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани.
- Ова претставува најголема донација на храна досега и се радуваме дека заедно со оваа донација преку „Сите сити“ се донираа девет тони храна или 28.000 оброци до социјално загрозени граѓани - истакнуваат од „Ајде Македонија“, кои го воспоставија...
„Везеница“ од реченици што милуваат и умни мисли кажуваат
Новата книга на познатиот македонски писател за деца Стојан Тарапуза, која неодамна излезе од печат како издание на издателството „Матица“, содржи педесетина прозни текстови напишани во рима и во дијалошка форма, со кои децата можат да научат многу важни работи за светот што ги опкружува. И дијалозите и прашањата и одговорите еден со друг се дополнуваат и игриво и...
Бабел
Единаесеттото поглавје на првата книга од Постанокот во Стариот завет говори за митот на Вавилонската кула. За напорот на луѓето да го достигнат божјото и да си го овековечат името. И за казната на таа незапирлива амбиција, испорачана во збрка на јазиците и востоличување на големото недоразбирање меѓу нејзините градители. Тоа е накратко библиското толкување на шаренилото јазици низ...
Голманите ги одведоа Русите и Хрватите во четврт-финалето
Во неделата се истакнаа Акинфеев, кој одбрани два пенала за триумф на Русија, и Субашиќ, со три одбрани на дуелот Хрватска - Данска. Се истакна и уште еден голман, Шмајхел, со три одбранети пенали (еден во 116. минута)
На дуелите од осминафиналето на Светското првенство во фудбал (СП), Русија - Шпанија (1-1, на пенали 4-3) и Хрватска - Данска (1-1,...







































