Собрани над 16 тони отпад од електронски и електрични уреди во Скопје и околината
Преку акцијата на „Екон Електрон“ и „Екоцентар 97“ во изминатите 2 месеца беа собрани над 16 тони отпад од електричните и електронските уреди од околу 200 домаќинства во Скопје и околината.
Граѓаните кои имаа стари и неупотребливи електрични апарати или електронски уреди можеа да се јават, да договорат нивно бесплатно преземање и да добијат определен паричен надоместок за уредот. Просечно,...
Почитувањето на законите и на јавниот ред и мир е императив
Саботната вечер во Градскиот парк во Скопје ја обележа големата акциска контрола спроведена во седум угостителски објекти. Акцијата ја реализира СВР-Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. При извршената контролата легитимирано е 21, а приведени се три лица.
Според информациите од МВР, контролата е спроведена во периодот од 1.15 до 3.30 часот...
НАТО – гарант на сувереноста или нејзин ограничувач
Фактот дека со одлуките сите досегашни влади, а и граѓаните, според досегашните анкети, го сварија нашето приклучување кон НАТО како една фундаментална стратегиска определба нѐ прави отворени и подготвени за ваков вид придружување кон еден поголем организам. Но, сепак, во актуелната политичка констелација и турбулентен амбиент, предизвикан со договорот од Нивици, договорот за добрососедство со Бугарија, токму приближувањето на...
Иднината на електричните автомобили е во Кина
Веќе со години Кина е најголемиот светски произведувач на соларни панели и најголем инвеститор во системите за обновлива енергија. Економската суперсила сега своите напори и парична моќ ги насочува кон производство на електрични автомобили, со намера да го освои глобалниот пазар и во овој сектор.
Целта на кинеската влада е преку засиленото производство на електрични автомобили да се намали огромното...
Зошто МПЦ-ОА мора да остане национална црква на македонскиот народ?
Евентуалното заживување на т.н. договор од Нивици, поточно промената на нашиот устав, односно преамбулата, е во тесна корелација и директно се рефлектира и врз комбинаториките за признавање на Македонската православна црква-ОА од страна на Вселенската патријаршија само под името Охридска архиепископија. Како што стојат работите засега, интелектуалците и аналитичарите предупредуваат на силните индикатори дека тоа би можело да предизвика...
Македонски иноватори во Израел презентираа проекти за еврејското наследство
Македонски иноватори од победничките тимови од првиот хакатон „Биталион“ во тек на студиски престој во Израел презентираа проекти за еврејското наследство.
Турата наречена „Израел-стартап нација” беше награда за најдобрите млади информатичари и иноватори од цела Македонија кои креираа дигитални алатки за да раскажат дел од историјата на Еврејската заедница во Битола.
Во Израел во тек на петдневниот престој на крајот на...
Дескоска: Официјално не е пристигната пресудата на грчкиот Врховен суд за Грујевски и Бошковски
Во македонското Министерство за правда се уште официјално не е пристигната пресудата на Врховниот суд од Атина за екстрадицијата на поранешни началници во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски.
- Официјално ние уште не сме ја добиле, барем вчера што беше статусот во Министерството, бидејќи утрово доаѓам директно овде. Ја видов пресудата која е дадена до адвокатите и веќе слушнавме по медиумите...
Трамп бара членките на НАТО повеќе да трошат за одбраната
Американскиот претседател Доналд Трамп испратил остри писма до лидерите на повеќе членки на НАТО, меѓу кои и Германија, Белгија, Норвешка и Канада, во кои ги предупредил дека мора да ги зголемат расходите за одбрана како една од обврските на членството во НАТО, објави „Њујорк тајмс“.
Според весникот, во писмата се наведува дека САД го губат трпението со овие сојузнички држави.
Трамп,...
Од обичното посјајно е духовното злато!
Срцето е богатство што не се продава и не се купува - туку се подарува.
Гистав Флобер, француски писател
Има едно материјално нешто што сите го сметаат за највредно и го наведуваат како пример на скапоценоста. Дури тој поим го користат за да го означат оној човек кого го љубат или да опишат некого или нешто што им се допаѓа.
Таа материја...
Наместо завршна приредба – филм за песната „Благуњо дејче Пожаранче“
Наставничката Даниела и нејзините 32 ученици, дел од родителите и неколкумина надворешни соработници, филмот насловен „Еден дн на мицајте трмќе у амзо време“, што преведен од тетовски дијалект значи „Еден ден на малите пчелки во старо време“, го снимаа во Тетово, Пожаране и на други места
Четвртоодделенци од тетовско училиште „Братство“, предводени од нивната одделенска наставничка Даниела Апостоловска, направија документарен...







































