Поглед одблизу на одвоениот живот на Доналд и Меланија Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија имаат исклучително одвоени дневни рутини, открива „Вашингтон пост“. Тој станува во 5.30 часот наутро, по што ги следи вестите, информативните емиси и пишува објави на социјалната мрежа Твитер. Првата дама се буди малку подоцна, за да го подготви нивниот 12-годишен син Барон за на училиште, според извори блиски на претседателскиот пар.
Дневниот...
Промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“
Во париски амбиент, со кроасани, макаронс-колачи и со француска музика во саботата беше промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од авторката Јана Мишо, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс ламина“ во рамките на 30-то издание на Саемот на книгата. Писателката позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“ изјави дека прирачникот е...
Иванов задоволен од Богов, повторно го предлага за гувернер на НБРМ
Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ.
Од кабинетот...
Гостува босанската писателка Лејла Каламујиќ
Денеска од 16 до 18 часот на штандот на издавачката куќа „Готен“ на Саемот на книгата во Скопје, босанската писателска Лејла Каламујиќ ќе ја потпишува својата книга „Викајте ме Естебан“. Таа во мај ќе оствари резиденцијален престој во Скопје во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“.
„Викајте ме Естебан“ е збирка раскази во која низ 19-те раскази го следиме емотивниот...
Тешко повреден тракторист од Радовиш
Тракторист од Радовиш се здобил со тешки повреди, откако тракторот што го управувал се лизнал во нива. Неговите тројца сопатници успеале да скокнат, а нему му се заглавила ногата.
Според пријавата во полицијата, несреќата се случила вчера попладне на местото викано „Штолна“ во атарот на село Дамјан на земјен пат од село Погулево кон село Дамјан.
- С.Д.(83) од Радовиш управувајќи...
Германија стана лидер на европскиот пазар на електрични автомобили
Германија стана најголем европски пазар за електрични автомобили, надминувајќи ја Норвешка, што е знак дека купувачите во таа земја сė повеќе се заинтересирани за новата технологија.
Тоа се случува во период кога Фолксваген и Дајмлер го зајакнуваат своето производство на возила на батерии за да и парираат на американската компанија „Тесла“.
Според податоците на Европското здружение на производители на автомобили,...
Сугаревски: Општините да ги користат средствата од Европска инвестициона банка за инфраструктура
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу направија увид во изведувањето на градежните работи за водовод и резервоар за вода. Општина Желино е една од локалните самоуправи кои ги користат средства од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски за изградба на капитални инвестиции.
-Постојано ги повикуваме градоначалниците на општините да...
Отворен фестивалот во чест на Х’дерлез – заштитен од УНЕСКО
Во валандовското село Чалакли викендов беше отворен 27-от меѓународен фестивал „Пролетни веселби во чест на празникот Х’дерлез“. Во декември 2017 година овој настан УНЕСКО го запиша во Репрезентативната листа за нематеријално културно наследство, по заедничката апликација на Република Македонија и на Република Турција.
На отворањето на фестивалот премиерот Зоран Заев рече дека тој спој на различности, обичаи, старини, традиции, бои,...
Грандиозно финале со безвремениот „Реквием“ на концертот на филхармонијата
Овој концерт на Македонската филхармонија беше одлично програмски дефиниран. Иако обично Моцартовиот „Реквием“ се изведува самостојно, ретко со други дела во иста вечер, овој пат присуството на „Масонската погребна музика“ и на „Моц-Арт а ла Хајдн“ не ја оптовари, туку напротив, ја згусна и збогати оваа концертна вечер. И беше совршена антиципација на грандиозното финале со безвремениот „Реквием“
Моцартовата музика...
Филипче: Ќе се обезбеди терапија за превенција од маларија
Терапијата за превенција од маларија влезе во нашиот следен тендерски интервал кој ќе почне идниот месец. Сега се обидуваме да најдеме заинтересирана компанија која преку интервентен увоз ќе достави мала количина терапија против маларија.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа во Скопје.
Во врска на бројот на заболени...








































