Пресуда за обвинетите во „Труст“
Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај.
Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.
Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши...
Реконструиран патот Берово-Струмица, инвестиција од 1,6 милиони евра
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе ја посетат Струмица, каде ќе извршат увид во активностите за реконструкција на регионалниот пат Берово - Струмица.
Во реконструкција на регионалниот пат беа инвестирани 1,6 милиони евра.
Сугарески и Китанов ќе информираат и за претстојните активности за подобрување на патната инфраструктура во...
Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска
Голем хуманитарен настан со поддршка од општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина, Марија Михајловска ќе биде организиран денеска во реонскиот парк.
Целокупната програма стартува од 12 часот напладне со крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров, а продолжува вечерта од 19 часот и 30 минути со музички перформанс на повеќе изведувачи. Средствата...
„Њујорк Тајмс“: Трамп знаел за руското мешање уште пред да стапи на должноста
Две недели пред да стапи на должноста во јануари минатата година, американскиот преседател Доналд Трамп бил запознат со строго доверливи разузнавачки информации, кои укажувале дека неговиот руски колега Владимир Путин лично наредил да се извршат кибер напади со цел да се влијае на претседателските избори во САД во 2016 година, тврди „Њујорк Тајмс“.
Весникот, повикувајќи се на неколку извори присутни...
Договор нема, дијалогот продолжува – нема компромис за стратешките цели и амнестијата
Лидерската средба во скратен формат, во состав на претседателите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами, продолжува в недела навечер или понеделник наутро.
Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги испеглаат разлики и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум,...
Умерена облачност со северозападен ветер
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. УВ индексот ќе изнесува 7. Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде топло со умерена облачност и умерен североападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени.
Во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и...
Роналдо остави бакшиш од дваесет илјади евра во грчки хотел
Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо минатата седмица ја помина во луксузното грчко одморалиште Коста Наварино, а при заминувањето остави великодушен бакшиш од 20.000 евра за персоналот, кој бил задолжен да го опслужува само него во хотелот.
Грчките медиуми објавија дека Роналдо напишал чек на оваа сума и го задолжил менаџерот на хотелот во близина на Каламата да ја подели меѓу десетмината...
„Големата четворка“ ќе се обедини во Њујорк
На претстојниот „САД опен“ ќе учествуваат шест освојувачи на гранслем-турнирот во Њујорк, соопшти Тениската асоцијација на САД.
Почнувајќи од бранителот на титулата Рафаел Надал, потоа петкратниот шампион Роже Федерер, двојниот освојувач Новак Ѓоковиќ, како и победникот од 2009 година Хуан Мартин дел Потро, од 2012 година Енди Мареј и од 2014 година Марин Чилиќ.
Интересно е дека т.н. „големата четворка“ која...
ЕК ја тужи Унгарија поради непочитување на Законот за азил
Европската комисија поднесе тужба против Унгарија поради непочитување на Законот за азил и враќање на мигрантите, и и испрати предупредување поради законот, со кој се инкриминираат активностите на невладините организации, кои им помагаат на мигрантите, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева.
ЕК испрати предупредувачко писмо, што е првиот чекор во започнување постапка против една земја-членка, поради новиот унгарски закон, со...
Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж
Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.
Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.
Тој бил пренесен во болница со неколку убодни...






































