Го нападнале по расправија, па тргнал да се одмаздува со секира

Вчера е пријавено дека околу 23:00 часот во Скопје на улица “Коста Абрашевиќ“ во Чаир, настанала расправија помеѓу О.Ш. (31) и О.Џ. (33) од една страна и Ш.Х. од друга страна, при што двете лица физички го нападнале Ш.Х. Истиот по нападот од неговиот двор земал секира, но од страна на соседите истата му била одземена и лицето било спречено во...

Продолжува штрајкот на француската железница

Францускиот железнички синдикат најави продолжување на штрајкот кој го наруши железничкиот сообраќај низ Франција, иако постојат сигнали за постигнување компромис во преговорите со Владата. Премиерот Едуар Филип се состана со синдикатите со цел да разговораат за амандманите на законот за реформа на националната железничка компанија СНЦФ и нејзиниот долг од 50 милијарди евра. Претставникот на влијателниот левичарски синдикат ЦГТ, Лорен Брин по...

Заев за командант Хоџа: Може да помогне доколку се појават екстремистички групи

Џезаир Шаќири може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот „едно општество за сите“. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со назначувањето на Шаќири, познат како командант Хоџа, за негов советник за внатрешни...

Одбиени кривичните пријави на Панчевски за претресот во неговиот дом

Јавното обвинителство на Република Македонија ги отфрли кривичните пријави за десет службени лица од МВР и СЈО во врска со претресот на поранешниот претседател, а сега судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје Владимир Панчевски и неговиот дом. - Постапувајќи по поднесени три кривични пријави против десет службени лица, надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на...

Заев очекува ослободителна пресуда за „Поткуп“

По завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“, премиерот Зоран Заев рече дека бил испрашуван од страна на неговите адвокати, од страна на јавниот обвинител и од страна на судот како обвинето лице во овој процес. -Мислам дека дадов одговор за сите важни прашања. Се докажа и преку тоа што досега се знае и преку сведочењето на сведокот, преку исказите, дека...

Заев отпосле дознал дека сестрата на Јанева конкурирала за заменик директор на КХВ

По објавување на информацијата во медиумите за изборот на  Лиле Делиџакова, сестрата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за заменичка на Комисијата за хартии од вредност, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека отпосле дознал дека е сестра на Јанева. - Секој граѓанин може да конкурира и треба да има еднакви права по Устав и по закон. Како да ѝ кажете на сестрата на Јанева...

Мијалков не гледа причина зошто би му се извинил на Бошкоски

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков истакна дека не му се извинил на Љубе Бошкоски при нивната денешна средба, во судницата во Кривичниот суд во Скопје, каде што беше закажано рочиштето за предметот „Тортура“. -  Не сум му се извинил на Бошкоски, ниту има причина за извинување. Институциите постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што...

Вучиќ: Решението на косовскиот проблем ќе биде мој политички крај

Решението на косовскиот проблем, какво и да биде, воедно ќе биде и мој крај во политиката, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. - Кога станува збор за решение за Косово, се надевам на решение. Знам, какво и да биде решението, тоа е мој крај во политиката – рече Вучиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“ за 15 годишнината од печатењето на...

Во летната сезона за 20 проценти повеќе туристи од Холандија

Првите холандски туристи во летната сезона во Македонија слетуваат утре со туроператорот Корендон на охридксиот аеродром. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат до 16-ти октомври оваа година. На почетокот Корендон  ќе лета два пати неделно до Охрид, во вторник и во петок, додека во најголемиот ек на сезоната – во јули и август, компанијата ќе додаде уште еден лет. Овие...

Девојка се сончала гола на тераса, на соседот му пречела глетката

Загрижен жител на Осиек деновиве се јавил во редакцијата на „Глас на Славонија“ преку електронска пошта информирајќи ги за една девојка која се сончала гола на тераса, прашувајќи дали воопшто тоа е законски. На осјечанецот му засметал тој чин, додавајќи дека девојката се сонча гола секој ден, а отспротива живеат семејства со мали деца. - Речиси секој ден може да се...