Ќе ги усогласат ли претседателот и премиерот стратегиските интереси на Македонија
Таму каде што се најпотребни кохабитација, меѓусебна координираност и усогласеност, како што е случајот за прашањето за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но и последните примери со изборот на гувернер на Народната банка и носењето на Законот за употреба на јазиците, за жал, се покажува дека одлуките се носат еднострано и без консензус меѓу власта и опозицијата,...
Спроведени рации во Германија во врска со илегална трговија со луѓе
Спроведени повеќе рации во четири германски сојузни држави, во рамките на истрага за трговија со луѓе.
Локалната полиција соопшти дека околу 800 полицајци претресле 21 канцеларија и куќа во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт. За време на рацијата, пронајдени се најмалку 35 илегални мигранати.
Во центарот на истрагата била банда Молдавци кои во Германија влегле користејќи лажни романски документи...
Градежник потешко повреден по пад од скеле
Градежен работник е потешко повреден по пад од скеле при изведување на градежни работи во гостиварското село Форино.
Според СВР Тетово, синоќа околу 19 часот при демонтажа на градежно скеле, Ј.Ч. (38) од Чегране, вработен во фирмата која ги изведувала работите на објект, загубил контрола и паднал од последната платформа.
Набрзо по падот, тој е пренесен во гостиварската општа болница, од...
Кошчелни го пропушта СП во Русија
Одбранбениот фудбалер на француската репрезентација Лорен Кошчелни најверојатно ќе паузира шест месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Русија заради повреда на Ахиловата тетива, соопшти денеска менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.
Кошчелни се повреди на реваншот против Атлетико Мадрид во рамки на Лига Европа.
Венгер уште додаде дека Кошчелни е „неизмерно тажен“ заради повредата.
Разбиен митот за консумирање јајца
Истражувачите на Универзитетот во Сиднеј конечно го разбија митот за консумирање јајца и нивното влијание врз здравјето.
Експериментот кои го направиле со група на луѓе покажал дека консумирањето на 12 јајца неделно, не ја зголемува шансата за кардиоваскуларни заболувања кај луѓето кои имаат предиспозиции да добијат дијабетес и кај оние кои веќе имаат дијабетес тип 2.
-И покрај советите кои можат...
Путин: Историјата не простува рамнодушност и недоследност
Со полагањето на свечената заклетва, рускиот претседател вчера го почна четвртиот мандат. И додека дел од домашната јавност му оддава заслуга за враќањето на меѓународниот углед на Русија, голем дел Руси го обвинуваат за бавните економски реформи и сѐ поголемиот јаз во богатството меѓу населението
Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја положи свечената заклетва, со што и официјално го почна...
Загина 25-годишник на патот Скопје-Велес
Вчера околу 18,44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (21) од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот. Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје, соопштија од МВР.
Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска...
Експлозија во центарот на Рим
Автобус експлодираше во центарот на италијанската престолнина Рим.
Автобусот експлодирал откако претходно бил зафатен од пожар и засега нема информации за последиците, со оглед на тоа дека експлозијата се случила во непосредна близина на станбена зграда.
Патниците излегле од автобусот непосредно пред експлозијата.
Во моментов три противпожарни тима се борат со пожарот, а полицијата побара од локалните жители да ги затворат прозорците...
Австралија инвестира милиони долари за спас на коалите
Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс објави дека ќе инвестира 45 милиони австралиски долари, за да се зголеми популацијата на коали која во Австралија е во рапиден пад.
Според проценката на австралиските власти, во дивина денеска живеат околу 43.000 коали, а пред доселувањето на Европејците на континентот биле 10 милиони.
- Коалите се национално богатство – рече премиерката на Нов...








































