МАНУ и БАН на заедничко чествување на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите(МАНУ), предводена од претседателот академик Таки Фити, на 10 и 11 мај ќе престојува во Софија, во Бугарската академија на науките(БАН), на заедничко чествување на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј. Заедничкото чествување на празникот Св. Кирил и Методиј стана традиција и е интегрален дел од Програмата за научна и културна...

Општините да ги користат средствата за инфраструктура од ЕИБ

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу направија увид во изведувањето на градежните работи за водовод и резервоар за вода. Општината е една од локалните самоуправи, кои, преку Министерството за транспорт и врски, ги користат средства за изградба на капитални инвестиции од Европската инвестициска банка (ЕИБ). - Постојано ги повикуваме градоначалниците на општините...

„Евросонг 2018“ во знакот на штедењето

„Lost and found“, песната на македонските евровизиски претставници, од почеток беше прифатена од евровизиските обожаватели и тука е една од омилените. Но еуфоријата спласна по првите две тонски проби и одредени технички недовршености, кои, според македонската делегација, вечерва ќе бидат надминати Игор Трајковски, специјално за „Нова Македонија“ од Лисабон „Евровизија 2018“ официјално беше отворена во неделата на 6 мај, со традиционалниот...

Реанимацијата на мртов мозок може да биде многу полоша од смртта

Експериментирањето со оживувањето на мртвите мозоци може да доведе до "вечен пекол" и "судбина полоша од смртта". Барем така смета Бенџамин Кертис, професор по етика и филозофија на Универзитетот Нотингем Трент во Обединетото Кралство. -Дури и ако научниците успеат повторно да го оживеат вашиот мозок, треба остатокот од својот живот да го поминете во кутија, без сетила, заробени во својот ум...

Пиромани колку сакаш, пожарникари ни за лек

Противпожарната единица во Битола има вкупно 22 професионални пожарникари, што е недоволно за општината, која според големината би требало да има најмалку 71 пожарникар, бидејќи според Законот за пожарникари, на секои 1.500 жители треба да има по еден професионален пожарникар Случајот со пожарот што пред неколку дена ги зафати трите куќи на битолски Баир и немилите настани што се случија...

Нето добивката на Дојче Пост намалена во првото тромесечје

Германската логистичка група Дојче Пост ДХЛ извести денеска за пониска нето добивка и стагнација на приходите во првото тромесечје под влијание на неповолните валутни курсеви и инвестициите со кои планираат да го држат чекорот со силната побарувачка за услугите за достава на пакети. Во периодот од јануари до март нето добивката на германската компанија падна 5,2 отсто, на 600 милиони...

НБРМ не смее да остане без гувернер

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на вчерашната средба во вилата „Водно“, која се одржа по барање од премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ. Од...

Одбраната на обвинетите во „Тенк“ бара изземање на обвинителите од СЈО

Одбраната на обвинетите во предметот „Титаник“ на денешното рочиште побара изземање на обвинителите од СЈО. Претходно, адвокатката Сања Алексиќ, која го брани Никола Груевски, ги прочита писмените докази на одбраната. Веднаш потоа обвинителите Ленче Ристовска и Стевче Донев побараа пауза. Реагираше одбраната, која смета дека обвинителите немаат право да бараат пауза до донесување на одлуката за инивно изземање. По кусата дебата, судијката...

Австрија ќе лобира Македонија побрзо да добие датум за преговори со ЕУ

Врз основа на сѐ она што Македонија го постигна, Австрија за време на своето претседавање со Европската Унија ќе ги убедува европските партнери и членките на Советот на ЕУ, земјата побрзо да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави австриската амбасадорка Ренате Коблер на вчерашната конференција „Западниот Балкан и евроатлантските вредности - Студија на случај Македонија“. Во врска...

Да не се блокира патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

НАТО да го врати пристапниот процес на Македонија под ФИРОМ, а формалното членство да се случи дури откако ќе се постигне договор за името. Ова се заклучоците во извештајот за Западен Балкан што вчера беа промовирани во Институтот за мир во Вашингтон, а ги пренесе македонскиот сервис на Гласот на Америка. Извештајот од овој реномиран американски институт, кој го...