Дизел-моторите ќе бидат 10 пати поеколошки од дозволеното
Најновиот систем за прочистување значително ќе ја намали емисијата на штетните издувни гасови, а дизел-моторите повторно ќе станат атрактивни на пазарите
Дизел-автомобилите се спасени - тоа го тврди германската компанија „Бош“, еден од најголемите произведувачи на уреди и делови за автомобили во светот. Германскиот гигант, кој во моментов има околу 402 илјади вработени, претстави револуционерен систем за прочистување штетни издувни...
Еуроимпекс во хуманитарна акција во соработка со DFCCA
Во организација на институцијата DFCCA, компанијата Еуроимпекс учествуваше во хуманитарен настан сочинет од возно дефиле со парола за „Неопходноста за превенција од канцерот на дебелото црево“, кое истовремено се случува низ 100 градови во светот, а низ 13 градови во Македонија.
Возното Дефиле во Скопје се одржа на 06.05.2018 во 11:30h по веќе предвидена рута. Возачите кои беа вкупно 50...
Каратистите по нови медали на ЕП во Нови Сад
Подготовките во Дојран беа мошне успешни. Сите се во добра форма и подготвени да го дадат максимумот на татамите. Со малку среќа очекувам одлични резултати, вели селекторот во борби Сашко Арсовски
Македонската карате-репрезентација (борби и кати) со вкупно 16 натпреварувачи ќе настапи на претстојното Европско сениорско првенство (ЕП) во Нови Сад, Србија (10-13 мај), од кои 12 во борби и...
Почнува 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан
Седумдесет и првиот Меѓународен филмски фестивал во Кан, почнува денеска и ќе биде отворен со филмот „Todos lo saben“ на иранскиот режисер и оскаровец Асгар Фархади, во кој играат Пенелопе Круз, Хавиер Бардем и аргентинскиот глумец Рикардо Дарин.
Филмот е снимен на шпански јазик, и ќе се натпреварува за „Златна палма“ заедно со други 20 филмови.
Претседател на жирито е австралиската...
Лидерот на ИД веројатно се крие во Сирија до границата со Ирак
Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, е жив и веројатно се крие во Сирија на границата со Ирак, изјави Абу Али ал-Басри, директор на Управата за разузнавање и борба со трговијата со дрога на ирачкото Министерство за внатрешни работи.
- Според последната информација со која располагаме, Ал Багдади се наоѓа во градот Хаџин во Сирија на околу 29 километри...
Шампионска промоција на Манчестер сити, нови рекорди на повидок
На победничкиот, супериорен пат до освојувањето на титулата и на две кола до крајот (натпревари со Брајтон и со Саутемптон), Манчестер сити собори и постави неколку рекорди
Манчестер сити не успеа да го совлада Хадерсфилд (0-0) на стадионот „Етихад“ во 36-та првенствена премиерлигашка рунда, но и тоа не ја помати радоста на фудбалерите, на стручниот штаб и на многубројните навивачи...
Меси е пред повторно освојување на „златната копачка“
Лионел Меси даде гол за Барса против Реал во „ел класико“, за него 33-ти на 34 натпревари сезонава во шпанскиот шампионат, со што се израмни со Бразилецот со италијански пасош, Жонас, напаѓачот на лисабонска Бенфика, кој исто така има дадено 33 гола, но на 29 натпревари.
Според УЕФА, за секој постигнат гол во петте најсилни европски лиги (Шпанија, Англија, Германија,...
Tрамп денеска ќе ја соопшти одлуката за договорот со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави дали САД ќе се повлечат од договорот меѓу Иран и шесте светски сили, со кој Техеран во 2015 година се обврза дека ќе ја прекине нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите.
Трамп објави на Твитер дека ќе ја објави својата одлука во 14 часот по локално време и дека ќе се...
Тенк на далечинско управување- Најновото оружје на Русија
По повод Денот на победа над фашизмот, Русија на воената парада ќе го покаже своето најново оружје - тенк „на далечинско управување“, објави Би-Би-Си.
Покрај тенкот „Уран 9“ на парадата утре планирано е да се презентира и другото најново оружје кое е тестирано за време на судирот во Сирија. Тенкот на далечинско управување опремен е со противтенковски ракети, топ и...
Реинхолд Меснер 40 години потоа: Еверест повеќе не е тоа што беше
Лекарите беа против, другите планинари им зборуваа дека се луди. Но Реинхолд Меснер и Петер Хабелер не ги слушаа предупредувањата и успеаја на 8 мај 1978 година да се искачат на Монт Еверест без боци со кислород.
Речиси точно 25 години откако Едмунд Хилари и Тензинг Норгај станаа првите луѓе на покривот на светот, Меснер и Хабелер ги запишаа своите...








































