Промовирана „Графичката мапа на Родољуб Анастасов“
Во Музејот на градот Скопје е промовирана „Графичката мапа на Родољуб Анастасов“, музејски проект финансиран од градот Скопје, а реализиран во рамките на „Скопско лето“.
Родољуб Анастасов (1935 г.), македонскиот сликар од средната генерација, кој често го претставувал југословенското, а редовно македонското современо ликовно творештво во репрезентативни избори во светот и кај нас, со досега добиени десетици награди и признанија,...
Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохаммед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави.
Заев и Шараф разговарале и за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што...
Романтична сензуалност донесе Шпанската вечер на „Охридско лето“
Традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ донесе неповторливи мигови за публиката преку извонредниот глас на сопранот Еугениа Боикс и пијано-изведбата на Ана Ферер. Двете шпански уметници на концертниот подиум во „Света Софија“ оставија силен впечаток, но по концертот и тие беа восхитени од местото каде што настапија.
- Првпат сме во Охрид и во црквата „Света Софија“. Ова е...
Стручњаци од земјава и од странство ја истражуваат Врбјанска Чука
Голем број стручњаци и студенти од Македонија, Германија, Словенија, Шпанија, Франција, Чешка, Србија и од Швајцарија вршат истражувања на локалитетот Врбјанска Чука, Прилепско. Истражувањата се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп и Институтот за старословенска култура - Прилеп, кои веќе неколку години даваат одлични резултати.
- Покрај...
Полесно до работа отколку до работна виза
Босна и Херцеговина
Термините за добивање визи во германската амбасада во Сараево се доделуваат бавно, а на луѓето што веќе нашле работа кај германските работодавци им се прекинуваат договорите
Бројот на граѓаните од Босна и Херцеговина што сакаат да заминат за Германија е сѐ поголем, но малкумина од нив можат да ја поминат визната бариера. Проблемите со кои се соочуваат тие...
Експертите го предвидуваа катастрофалниот пожар на Атика
Грција
Грчките медиуми вчера ги бараа одговорите на тоа зошто загинаа голем број луѓе и дали огнената стихија што го зафати просторот на полуостровот Атика можела да се спречи
Бројот на загинати во пожарите што го зафатија источниот дел на областа Атика во Грција, и според последното соопштение од грчката противпожарна служба, достигна 82 лица.
Како што јави дописничката на МИА од...
Автобуската постојка кај Јаја-паша преместена кај ОУ „Лирија“
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје ја информира јавноста дека од денеска автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри после пешачкиот надвозник, односно стојалиште сега е пред ОУ „Лирија“.
Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини.
На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди, соопштија од ЈСП.
Автобусот „25-ка“ на ЈСП за викенди и празници кон Водно ќе тргнува во 7:30 часот
Од претстојниов викенд автобусот на ЈСП Скопје со број 25 што сообраќа од Транспортен центар до средно Водно место во 8:00 часот ќе тргнува во 7:30 часот, на барање на планинарите и поради летните температури.
Од ЈСП Скопје информираат дека промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Останатите поаѓања се реализираат според важечкиот утврден возен ред.
Од...
Кичевската коњица го започна својот пат за Крушево
Кичевската коњица „Манастир Пресвета Богородица-Пречиста“ и годинава, по четврти пат ќе биде дел од „Илинденскиот марш“ кој ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
11 коњаници од Кичево, Демир Хисар и Крушево маршот го започнаа утринава од манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ каде претходно и ноќеваа. Во...
Околу 396 илјади Бугари престојувале во Македонија
Бугарија минатата година ја посетиле 583.026 македонски граѓани, а 396.450 Бугари престојувале во Македонија, покажуваат податоците на Бугарскиот национален статистички институт. Само во јуни годинава, пак, 45.818 македонски државјани биле во Бугарија, од кои 37.807 во туристичка посета, 2.851 биле службено, а 5.160 поради други цели. Македонија во јуни ја посетиле 49.179 бугарски граѓани, од кои 22.276 поради туризам,...









































