Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.П, од Скопје за извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во село Горно Лисиче. Како што наведуваат од МВР, пријавениот кривичното дело во црквата го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот при што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе докажува дека референдумското прашање е манипулативно

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ставија потпис на иницијативата за распишување на референдумот за името, која е поднесена во Собранието и која ќе биде разгледана на седница закажана за попладнево. Пратениците од опозициската партија ќе присутвуваат на денешната седница и ќе ги изнесат своите аргументи и ставови зошто се против предложеното референдумско прашање.  Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната...

Од 1 август поевтинува парното за скопјани

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената што ќе ја плаќаат скопјани за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистирбуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 отсто. Намалувањето, како...

Седницата за распишување на референдумот закажана за 15:30 часот

Иницијативата за распишување референдум за името потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство-СДСМ, ДУИ и БЕСА е поднесена во Собранието на Република Македонија. Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15:30 часот. Според информациите од владејачкото мнозинство, на оваа седница на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот...

Папата Франциск ја прифати оставката на австралискиот надбискуп

Папата Франциск денеска ја прифати оставката на австралискиот надбискуп Филип Вилсон, осуден поради забошотување на случајот со сексуално злоставување на деца кои помагаат при службата. Надбискупот Аделејда Филип Вилсон осуден е во мај бидејќи не пријавил во полиција злоставување кои се повторувало во повеќе наврати во 70-тите години од минатиот век. Тој оставката ја поднесе по големиот притисок од австралиските...

Вечниот мраз нуди увид во економијата на Римското Царство

Корите од мраз на Гренланд долго време се користат за следење на климатските промени, кои се бележат во изотопите на кислородот од замрзнатата вода. Но со еден друг научен пристап, преку мерење на древните емисии на олово, е направен пресврт, при што сега не само што може да се регистрираат климатските промени, туку може да се дојде до други...

Комеморација во чест на академик Милан Ѓурчинов

Утре со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот книжевен научник, критичар и есеист, долгогодишен активен член на писателската асоцијација и во извесен период и нејзин претседател, академик Милан Ѓурчинов. Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот впечатливо обемен и квалитетен опус, Ѓурчинов даде неодминлив...

Стружанец ја претепал осумгодишната внука со дрвена летва

Шеесет и седумгодишниот Р.М. од Струга доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во дворот на семејната куќа почнал расправија со неговата осумгодишна внука. - Изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира внуката по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди, информира полицијата.

Феридун Исиман 20-ти пат учествува на кичевската колонија

Ако за некој уметник може да се каже дека е вистински инвентар на една колонија, тоа најмногу важи за професорот од Северен Кипар, Феридун Исиман, кој летово го одбележа дваесетото учество на Интернационалната кичевска ликовна колонија. Тој за овој период создал над 80 дела од кои повеќето се во депото на Куќата на уметноста во селото Кнежино. - Кога првпат...

Двајца загинати во нова поморска несреќа во Црна Гора

Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, две лица загинаа, а повеќемина се повредени. Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан. Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката акција е вклучен и хеликоптер. Тоа е втора...